Крис Смолинг во Гинисовата книга на рекорди

Не се изненадивме што Кристијано Роналдо, Френк Лампард и Жозе Мурињо ги има на неколку места во Гинисовата книга на рекорди. Нас не изненади Крис Смолинг таму.

Роналдо е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лампард е жива легенда на Челси, а Мурињо е најистакнатиот тренер во светот. Нормално е да се дел од Гинисовата книга на рекорди.
 
Португалецот од Реал Мадрид, во Гинисот е по бројот на хет-трикови во Ла Лига. Дури 27 пати во шпанската лига постигнал три гола на еден натпревар. Лампард е рекордер по бројот на противници против кои дал гол, вкупно 39 екипи. Специјалниот има најмногу бодови во една сезона во Премиер, дури 95 и прв тренер кој ја освоил ЛШ со два различни клуба.
 
Мурињо е рекордер и по тоа што станал најмлад тренер кој стигнал до 100 натпревари во ЛШ (на 49 години и 12 дена), како и тренер кој имал дури 77 натпревари без пораз во Премиер лигата на домашен терен.
 
Во Гинисовата книга на рекорди имало место и за Крис Смолинг, дефанзивецот на Манчестер Јунајтед. Смолинг нема толку фасцинантни рекорди како гореспоменатите, за него во Книгата стои дека го постигнал најбрзиот гол откако влегол како замена во Премиер лигата. Смолинг го постигна погодокот против Барнли минатата сезона на само пет минути и девет секунди откако влезе во игра.
 
На истиот меч против Барнли, Смолинг постигна уште еден гол и на тој начин запиша уште еден рекорд во Гинис, како фудбалер кој дал два гола во едно полувреме а влегол како замена.