Со очекувана и лесна победа против Сан Марино на гости, Англија на три кола пред крајот на квалификациите има девет бодови повеќе од второпласираната Швајцарија и дури 11 повеќе од третопласираната Естонија и се пласираше на ЕП.
Вејн Руни во 13. минута постигна гол од пенал и се израмни со Боби Чарлтон на вечната листа на најдобри стрелци на Англија со 49 голови.
Шпицот на Јунајтед имаше шанса да го престигне Чарлтон на стартот на второто полувреме, кога излезе сам пред противничкиот голман, но шутираше директно во него. Селекторот Рој Хоџсон го извади Руни во 59. минута и така му ја скрати шансата да го престигне Чарлтон.
До крајот од мечот, два гола даде Тео Волкот, а по еден гол постигнаа Рос Баркли и Хари Кејн, автогол си даде Кристијан Броли.
Нова шанса да стане најдобар стрелец во историјата на Англија, Вејн Руни ќе има за три дена кога на Вембли гостува Швајцарија. Швајцарците вечерва играат против директниот ривал за директен пласман на ЕП, Словенија.
Голот на Руни од пенал:
Хајлајтс и головите од мечот:
Хајлајтс и головите од мечот: