Екипите на Борусија и второлигашот Сент Паули одиграа пријателски натпревар за време на паузата во првенствата, а моментот го искористија за да им посакаат добредојде на бегалците кои бегаат од родните земји каде се водат војни.
Ова е втор ваков гест на Милионерите кои минатата недела на Вестфален сместија 220 мигранти на нивниот меч од Лига Европа против Одд од Норвешка.
Топло добредојде бегалците имаа и од Баерн Минхен кои освен донацијата од милион евра за нив го отворија и тренинг кампот каде им нудат оброк, но и тренинзи за оние кои се талентирани за фудбал.
На следниот меч против Аугсбург во Бундеслигата играчите на Баерн со едната рака ќе носат деца од Германија, а со другата деца од бегалците.
Донација од милион евра за нив даде и Реал Мадрид, додека Порто испрати писмо до УЕФА во кое бара сите клубови кои учествуваат во Лигата на шампионите да донираат по милион евра од продадените карти од првите натпревари.
Од навивачките групи најмасовна поддршка на бегалците од Сирија, Ирак, Либија, Авганистан и другите земји им дадоа оние во Германија, а кај нас со контра транспарент излегоа навивачите на Пелистер на натпревар во втората македонска лига.