Скоро 4 милиони луѓе во Шпанија го изгледале целиот вчерашниот квалификациски дуел против Македонија на TVE со гледаност од 25,8%, пишуваат шпанските медиуми.
Пресметките се дека најгледана минута била онаа во 22:31 часот кога гледаноста изнесувала 29,9% или поточно со 5.517.000 гледачи, а победата на Шпанците во Скопје во еден краток миг од средбата била гледана од 10.401.000 гледачи.
Покрај огромниот интерес на македонските и шпанските новинари во микс зоната наменета за земање изјави од фудбалерите имаше и многу навивачи кои се туркаа за да се сликаат со шпанските ѕвезди.
Следната прилика во која повторно ќе ги нагостиме Шпанците е 11 јуни 2017 година, бидејќи со нив се паднавме и во квалификацискиот циклус за СП 2018, но претходно во Скопје ќе ни дојде уште една велесила со која прв пат ќе се сретнеме.
Се работи за фудбалската репрезентација на Италија која е четирикратен Светски првак и која на Филип Втори ќе истрча на 9 октомври наредната година. Останатите противниците во групата Г ни се Албанија, Израел и Лихтенштајн.