Само неколку години по осамостојувањето, на 12 октомври 1994 година македонската фудбалска селекција ја пречека Шпанија во Скопје. Се играа квалификации за ЕП 1996, а Фуријата славеше 0-2 со двата гола на Салинас.
Македонија: Трајчев (51' Целески), Станојковиќ, Најдоски, Стојковски, Б. Ѓуровски, Бабунски (39' Марковски), З. Јовановски, Мицевски, Савевски, Бошковски, М. Ѓуровски (71' Христов).
Шпанија: Зубизарета, Јеро, Надал, Алкорта, Ферер, Серхи, Абелардо, Луис Енрике, Каминеро, Игуера (76' Амависка, Салинас (63' Пјер).
Следната 1995 година, при крајот на истиот циклус, на 15 ноември во Елче, Шпанците нè победија со 3-0. Стрелци на головите тогаш беа Кико, Манјарин и Каминеро. За Шпанија тогаш играа: Зубизарета, Надал, Алкорта, Алберто, Серхи, Каминеро, Донато, Амависка, Кико, Пици и Манхарин. Дресот на Македонија на стадионот Мануел Мартинез Валеро го носеа: Целески, Б. Јовановски, Стојковски, Бабунски, Караџов, З. Јовановски, Мицевски, Серафимовски (Христов), Мемеди, Бошковски и Ќириќ.
На 12. август 2009. година, Македонија и Шпанија одиграа пријателски натпревар, кој Шпанците го добија 2-3, со пресврт по водството на Црвено-жолтите од 2-0 со головите на Пандев.
Во тековните квалификации, нашите против Шпанија играа во Валенсија, каде избраниците на Бошко Ѓуровски загубија 5-1. Серхио Рамос, Пако Алкасер, Бускетц, Силва и Педро Родригез ја наполнија мрежата на Томе Пачовски, а Ибраими од пенал погоди за нашата репрезентација.
После поразот од Луксембург минатата сабота, Македонија е на дното во групата Ц со само три освоени бодови против истиот противник.
Шпанците немаа пораз на гостински меч во квалификациите од 7. октовмри 2006. година сè до дуелот со Словачка годинава кога загубија 2-1. Колку е моќна Шпанија, говори и податокот дека тие се селекција со најмногу (79) победи во квалификациите за Европско првенство и најмногу постигнати голови, дури 277.