Можеби како мал, Јаруба Сисако слушнал за приказната на легендарниот Тарибо Вест. Нигерискиот дефанзивец во 2002. година изненадно и преку ноќ го напушти Кајзерслаутерн кој играше во Бундеслигата, само за да се прогласи за свештеник и да ја основа организацијата „Засолниште во бурата“.
Притоа, Тарибо Вест им помагаше и на сиромашните во неговата земја, а заедно со Жорж Веа отворија фудбалски школи ширум Африка.
Приказната за талентираниот бек на Монако што многу ветува не е толку драстична, но оди во таа насока. 20-годишниот Сисако повеќе сака да се огласи на повикот на верата, отколку на оној фудбалскиот, по што при враќањето од позајмица од белгискиот Цулте Варегем одбил да потпише нов договор со Монако.
Причина: Еден ден сакал да стане имам. За да не го загуби, Монако сега сериозно размислува да го позајми десниот бек во некоја од земјите каде Исламот е доминантна религија.
За Сисако летово беше заинтересиран Галатасарај, но трансферот не се оствари.