Италијанецот Давиде Маса е назначен за главен судија на реванш дуелот на Вардар против Апоел во второто квалификациско коло од ЛШ. Помошници ќе му бидат Филипо Мели и Марко Барбирати, а четврт е Масимилијано Ирати.
34 годишниот Маса кариерата ја почна во 2003 година во четвртата италијанска лига. Потоа четири години беше дел од Ц1 и Ц2 лигата и уште две години судеше во Серија Б.
Дебито во Серија А го имаше во јануари 2011 година на средбата Фиорентина – Лече, а потоа го судеше и мечот меѓу Удинезе и Бари.
Маса беше четврт судија на ланското финале од Купот на Италија меѓу Фиорентина и Наполи, а оваа сезона го судеше и полуфиналниот дуел меѓу Јувентус и Фиорентина.
Во Лига Европа дебитираше минатото лето на квалификациската средба меѓу Елфсборг и Интер Баку, а потоа изминатата сезона во грушната фаза во ЛШ и ЛЕ беше дел од средбите Андерлехт – Борусија Дортмунд, Спортинг – Шалке, Баер Л. – Монако, Панатинаикос – Динамо Москва и ПСЖ – Зенит.
Како судија покрај шеснаесетникот беше ангажиран на квалификацискиот дуел на ЕП 2016 одигра во ноември минатата година, кога селекцијата на Фарски Острови на гости ја шокираше Грција со 1:0. Главен судија на тој меч беше Никола Рицоли.
Солидно искуство имаат и неговите помошници. Филипо Мели има судено над 100 натпревари во Серија Б и Серија А, а 100-та во Серија А, Марко Барбирати ја одбележа изминатава сезона на дуелот Јувентус – Џенова.
Реномиран италијански судија на „Филип Втори“ имавме и лани.