Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Што ѝ направи Сан Марино на Англија за 8 секунди?

За да се пласираат на СП 1994, Англичаните требаше на гостувањето против малата земја да победат со седум голови разлика за да бидат подобри во гол разликата од Холандија. Гордиот Албион успеа да постигне 7 погодоци, но го прими најбрзиот гол во историјата на квалификациите за Светските првенства и остана дома. 

Нема топла вода

Скопската Гуецова дружина играла мал фудбал во Скопје околу 50 години. Кога по еден натпревар Атанас ги оставил другарите без топла вода, му дошле дома да му бараат топла ракија за да не настинат, а тој им барал по 20 денари за чашка.

Во инфаркт натпревар ЕЛЕМ и ЈСП дојдоа до реми

Во вториот ден од 7. коло во Бизнис лигата на Македонија Халкбанк против Македонски Телеком и МЕПСО против ОНЕ.ВИП, славеа победи со по 7:2.

Му истекува ли времето на Арјен Робен

Акутната зависност на Баерн од неговата десетка полека заминува во историјата, затоа што Баварците одлично се снаоѓаат и без помошта на човекот кој извесно време не зборувал со Левандовски и се замерил со Даглас Коста.

Кој фаулира најмногу во Серија А?

Дефанзивците на Рома и Лацио се најзастапени на листата на играчи кои направиле најмногу фаули оваа сезона во италијанскиот шампионат.

Израелски лоб од пола терен

Вакви евроголови паметиме од Бекам и Чави Алонсо, а му успеа и на Мариано Суарез од Хапоел Ерусалим.

Јирген Клоп секогаш вози со долги светла

Во најновата реклама снимена за потребите на Опел, тренерот на Ливерпул објаснува зошто секогаш вози со долги светла.

Нејмар доби корпа од судијата

Со головите на Даглас Коста, Ренато Аугусто и Фелипе Луис, Бразил славеше со 3:0 против Чиле во Квалификациите за Мундијалот во 2018-та, а Нејмар сакаше да му го подари дресот на судијата, но не му успеа.

Само Златан може да даде таков одговор

Пред двомечот од баражот за ЕП меѓу Данска и Шведска, Данците не бираа средства да го омаловажат Ибрахимовиќ. Напаѓачот на ПСЖ им врати со три гола и со изјава со која ги натера да размислуваат.

Мамиќ повторно е уапсен, овој пат со син му

Според пишувањата на хрватските медиуми првиот човек на Динамо Загреб, заедно со неговиот син и соработниците во последниве 11 години незаконски извлекле 80 милиони куни од трансфери.

Турците имаат објаснување зошто свиреле на молкот за жртвите од Париз

По пар пијани навивачи на БиХ кои во Даблин го прекинуваа 1-минутниот молк, синоќа на пријателската меѓу Турција и Грција во Истанбул, домашните навивачи громогласно го исвиреа 1-минутниот молк во чест на жртвите од терористичкиот напад во Париз.

Успехот на Игуаин лежи во рибата и морските плодови

200 гола на клупски план од кои 65 за Наполи. За аргентинскиот напаѓач целта оваа сезона е една и единствена. Скудето.

Што ќе се случи со Европското 2016 по нападите во Париз

Масакрот во француската престолнина на петок 13-ти го подели јавното мислење во светот на три категории. После сè што се случи, може ли да се игра ЕП во Франција?

Савона е поинтересна од македонската репрезентација

Овој клуб игра во третата италијанска лига и моментално се наоѓа на последно место, но таму е многу многу повозбудливо да си на стадион.

Сè е по старо, свирежи на Филип Втори

По еуфоричните 4:1 против Црна Гора, селекцијата на Либан ги спушти нашите репрезентативци на земја кои се посрамотија со арапската земја, која претходно немаше триумф против европска селекција 20 години.

Шекил без панталони во студио, Кари ќе погоди и со машина за перење

Минатата и тековната недела донесоа доста необични моменти во најдобрата светска кошаркарска лига.

Како Пандев го збриша Катар

Со Арапските земји не ни оди баш, имаме само две победи на девет меча, едната против Иран 2:1, а со ист резултат го победивме и Катар. Мечот се играше на Филип Втори во 2009 година, во ист термин во кој играме денеска против Либан, 13 часот.

Џое Бартон подобро верувај во Господ

Познатиот фудбалски силеџија, Џое Бартон на Твитер ја отвори душата и напиша дека не верува во Бога. Репликата која му стигна во коментар на тој пост ја изнасмеа пола Европа.

Серија А не е од голема корист за италијанската репрезентација

Во период кога на сцена се репрезентациите, Италијанците ги преброија странците од првопласираните четири екипи во првенството и пресметаа дека само 16 од вкупно 88 фудбалери може да бидат повикани во националниот тим.

Фудбалерите на Колумбија ќе живеат 100 години

Во морето фудбалски натпревари денес, квалификацискиот меч за СП 2018 меѓу Колумбија и Аргентина предизвикува најголемо внимание. Домашните играчи се максимално спремни, а еве и зошто.

Како се посрамоти обложувалницата Paddy Power?

Во екот на најпотресните извештаи за масакрот во Париз, ирската обложувалница се однесувала крајно непрофесионално и вулгарно.

Како Бернабеу му аплаудираше на Роналдињо

Ел Класико пред 10 години. Роналдињо во врвна форма. Тргнува по лево, го помина Рамос како мало дете, а навивачите на Реал Мадрид му аплаудираат. Барса по половина час игра има 0:3. Инаку дербито на Шпанија се игра следната сабота.

Излезе Фудбал Менаџер 2016

Одлична вест за сите Менаџер манијаци. Најновата верзија на Фудбал Менаџер сега е достапна за играње, a ние спремивме листа од 20 фудбалери кои едноставно треба да ги имате во составот.