Offside

Деца, едно време и ние игравме на Светско, ама со бившата држава која имаше состав за респект, со кој едвај на пенали излезе на крај една Аргентина во четвртфинале. Марадона промаши. Во осминафинале ни се падна Шпанија. Ја реши Драган Стојковиќ Пикси со две мајстории и конечен резултат 2:1. Никогаш недораскажана сторија е Југославија.

Топ 12 голови во Серија А од сезоната 1990/1991

Налетавме на една јака, ама многу јака компилација на голови од италијанскиот фудбал во која не знае човек на кој волеј попрво да се воодушеви. Ова вистинско лудило од голчишта и тоа на славни имиња како Руди Фелер, Виали, Манчини, Анчелоти, Клинсман, Гулит. А сте знаеле ли дека Диего Симеоне играл за Пиза?

Ова ни двајца голмани не го бранат

Стејн Шарс важеше за еден од најталентираните холандски фудбалери од генерацијата ’84. Во 2006-та стана европски првак со Холандија У-21 а еден негов пенал ќе се памети како најнеодбранлив. Уругвај и Холандија играа пријателска во Монтевидео на турнирот наречен Copa Confraternidad. Мечот заврши 1-1 па се прејде на пенали.

Најнесфатливото промашување во фудбалот

Аргентинскиот напаѓач Серхио Араухо од АЕК веројатно го достигна врвот на оние чудни утки кои го носат епитетот „неверојатни“ и „невозможни“. Што и да направеше друго ќе беше попаметно од ова.

Прв гол на Несторовски после ноември

Со капитенската лента околу раката, македонскиот репрезентативец во 65’ минута од пенал даде гол за Палермо против Фоџа. Ова е прв гол за Прилепчанецот кој „постеше“ од 25. ноември и мечот со Авелино. Од тогаш до вечерва не постигна гол на 8 меча. На крајот Палермо загуби 1:2 и тоа е втор пораз по ред за тимот од Сицилија кој сега после 25 меча заостанува три бода зад двете места кои водат во Серија А.

Најомилениот пар во Холандија кој им донесе 6 олимписки злата

Зимските Олимписки Игри во Пјонгчанг уште не почнати, а репрезентацијата на Холандија веќе има најмногу медали. Имаат три злата, две сребра и две бронзи а најзаслужен за повеќето одличја е неверојатниот Свен Крамер.

Најлудиот потег некогаш направен на Зимски oлимписки игри

Сурија Бонали е поранешна француска натпреварувачка во уметничко лизгање. Има пет злата од европските првенства и три сребра од светските. Позната како уметничка лизгачка која редовно му пркоси на системот, во 1998 на Зимските олимписки игри во Нагано (Јапонија) ги изгубила шансите за медал па решила со еден потег да ги „разбуди духовите“.

Се вика Сергеј се чита доминација

Сергеј Милинковиќ Савиќ е бисерот на Лацио за кој постојано се пишува и зборува дека римјаните тешко ќе го задржат на лето. Одигра маестрално прво полувреме против Наполитанците кои не можеа топка да му земат. 

Најлудиот меч во Премиер лига кој Ди Канио сакаше да го напушти

Стадионот Аптон Парк да може да зборува, денеска ќе го раскаже најепскиот меч кој го преживеал и кој се случи на денешен ден пред точно 18 години. Главни протагонисти: Паоло Ди Канио и младите Франк Лампард и Џо Кол.

По пеколот низ кој помина, стариот добар Кваљарела игра животна сезона

Сезонава Фабио Кваљарела се исправи како борец - не многу разговорлив, неизбричен и уверен. На 22 меча постигна 23 гола и стана ударна игла во нападот на препородената Сампдорија со нејзиниот тренер Марко Џампаоло. Но патот до тука му беше пеколен.

Со оваа гол серија Салах е меѓу легендите во Премиер лигата

Ако во Манчестер Сити “задолжителен“ стрелец е Агуеро, а во Тотенхем Хари Кејн, во Ливерпул тоа е Мохамед Салах. Човекот не знае за доста и само им отвора работа на статистичарите во Премиер лигата.

Судијата кој се гребе бонбони од публика

Втора епизода јадење бонбони на фудбалски натпревар. Во главна улога повторно е судијата Денис Аjтекин, кој овој пат беше уредно послужен од навивачите на мечот Вердер - Волфсбург, кои му се прснаа од смеење.

Од Северна во Јужна Кореа дошле и навивачки кои прекрасно пеат

Најнеобична поддршка на ЗОИ во Пјонгчанг се 230 навивачки на Северна Кореа кои дошле на Игрите облечени во исти палта и црни шапки.

Кога вика легендата Хаџи ќе го дадеш дресот и оро ќе играш

Романскиот Виторул, тим кој го тренира легендарниот Георге Хаџи, во саботата славеше минимална победа 0-1 кај Јувентус Букурешт. Единствениот гол го даде 19-годишниот Јанис Хаџи на кого после мечот му пријде едно дете да му го побара дресот. Јанис му рекол дека не смее и дека таква е политиката на клубот да не се расфрлаат со опрема, но целиот муабет го слушна Георге.

Кога Вембли го виде извонредниот Марсело Салас

Селекцијата на Чиле во 90-те асоцираше на двајца славни голгетери, Марсело Салас и Иван Заморано. Фудбалскиот времеплов вели дека на денешен ден пред точно 20 години, овој првиов кој се прославои во Лацио, ја замолкна Англија на пријателски меч. Им даде даде два гола за конечни 0:2. Првиот заслужува посебно внимание.

Сигурен си дека немаш потрес на мозок?

Мексиканецот Алексис Пена е јунакот на изминатово фудбалско коло. Тој до толку му е верен на својот клуб Пачука за кого и глава би дал.

Минатата пролет едвај преживеал, сега освои бронза на Олимпијада

Канаѓанецот Марк Маркморис, по сопствено признание а и по признание на лекарите во Ванкувер, лани со една нога веќе бил во „белата населба“. Неколку месеци подоцна застанува на Олимпискиот пиедестал со бронзен медал околу вратот.

Адеми два пати го тресна Осијек

Македонскиот репрезентативец беше двоен стрелец на дуелот меѓу Осијек и Динамо Загреб кој заврши 2:4 за Модрите. Адеми две години беше суспендиран поради допинг и тој се очекува да биде важна алка во средниот ред на Македонија која на есен ќе стартува во Лига на Нации.

Барселона ја сопре вардаровата машинерија

По 10 кола непобедливост, ракометарите на Вардар го запишуваат првиот пораз сезонава во Лига на шампиони и тоа од каталонскот тим против кој во полуфиналето во Келн ја почнаа серијата без пораз на 15 средби во елитата.

Девет од девет за Вардарки, Комити со порака до девојките

Дуелот меѓу Вардар и Будуќност во претходните сезони важеше за мега дерби, но веќе извесно време девојките во црвено-црно лесно го победуваат црногорскиот шампион.

И така, решиле да играат икс-нула на полувреме во НБА

За време на паузата од мечот Портланд Трејлблејзерс - Шарлот во НБА, домаќините приредија забава за публиката а две девојки беа како муви без глави.

Викаат дека е познат најубавиот дрес за Светското 2018

Nike ја претстави опремата со која репрезентацијата на Нигерија ќе му се покаже на светот на Мундијалот летово. Делува јако.

Најхрабриот олимпиец кој парадираше гол во Пјонгчанг

Видовте ли како се претстави Тонга на отворањето на ЗОИ? Со еден човек кој логично беше и знаменосец. Тој во период од две години учествува на две олимпијади во два различни спортови. Го соблече кимоното и се качи на скии и тоа лани за прв пат.

Ван Перси и на 34 години покажа зошто е чиста класа

После долга 14-годишна одисеја во Лондон, Манчстер и Истанбул, Робин Ван Перси на 19. јануари се врати во својот роден град Ротердам и матичен клуб Феенорд каде во 1999-та ја почна фудбалската кариера. Има 34 години и уште има неверојатен сенс за топка.