Колку пехари паднаа и беа искршени за време на прослава на титула

Фудбалерите толку многу се занесуваат во шампионското славје што во целиот метеж и „шутка“, не пазат што прават со златниот предмет поради кои слават. Им паѓа од раце, го кршат, го виткаат...

 Минатиот викенд Манчестер Сити ја прослави шампионската титула а за време на радоста, младиот украински талент Олександр Зинченко го турна пехарот на земја па се извади од памет што направил. Хет-трик на вакви глупости имаат фудбалерите на Ајакс, прво голманот Мартин Стекеленбург, па капитенот Јан Вертонген и потоа Дејли Блинд.

 
 

How NOT to celebrate with the @premierleague trophy... 🙈😂

A post shared by Sky Sports (@skysports) on

Зафрканција на сметка на Зинченко кој го бутна пехарот додека скокаше врз Јаја Туре направи на Твитер нивниот соиграч Илкај Ѓиндоган:

Голема глупост направија и фудбалерите на Реал Мадрид во 2011 година кога после цели 18 години славеа во Копа дел Реј (Кристијано Роналдо со глава даде гол за 1-0 во финалето против Барселона) за да при прославата големиот пехар му падне на Серхио Рамос од раце и да се искрши под тркалата на автобусот. Златниот трофеј бил крајно оштетен:

Глупост направи и голманот на Ајакс Мартин Стекеленбург во 2011-та година кога Ајакс славеше шампионска титула низ улиците на Амстердам, ама имаше повеќе среќа од Рамос па златниот трофеј брзо му го качија во автобус:

Втор пат пехарот во Ајакс им паднал при прослава на титулата во 2012-та кога на капитенот Вертонген златниот трофеј му паѓа врз нога и му го повредува прстот:

Хет-трикот на Ајакс го заокружува Дејли Блинд: