Главниот град на Украина треба да ги пречека навивачите на двата финалисти во Лигата на шампионите, Ливерпул и Реал Мадрид но како тргнала работава проблемите се големи.
Шпанските и англиските медиуми, во прв ред Marcа, пишуваат дека хотелите во Киев измислуваат нереални изговори за откажување на резервации се со цел да заработат повеќе од други заинтересирани страни. Цените на хотели на неколку километри од центарот на Киев стигнале и до 1.300 евра од вечер за дуелот на 25. мај. Истите овие хотели во текот на целата година нудат соби по 16 евра.
Оштетените клиенти кои прво уредно резервирале преку Booking доставиле до медиумите надреални изговори од хостелиерите:
„Здраво, искрено ве замолуваме да ја откажете резервацијата затоа што нема да имаме струја ни вода на резервираните датуми. Примете го нашето извинување“, стои во мејл од извесен хостел Vetryanaya Gorka.
Во друг хотел кога дознале дека има шанса повеќе да заработат, решиле да пишат како на 1. мај 2018 имале вирус во хотелот и како резултат на тоа управата на хотелот го оставила отворен системот за резервации за датумите 25 - 27 мај 2018 а требале да бидат затворени.
Booked my hotel for Kiev months ago. No @bookingcom have decided that they are gonna cancel it for me free of charge so I can re-book it for 15 grand! #Kiev #LFC #ChampionsLeagueFinal pic.twitter.com/kSZKYlWfbR
— stephen (@ste_2512) May 3, 2018
Друг навивач на Ливерпул резервирал хотел во Киев уште кога не се знаело дали Ливерпул ќе игра во финалето - тогаш цената од вечер била 77 евра, а во меѓувреме рипнала до астрономски 4.181 евра од вечер!
И тоа хотел со 3 ѕвези на 3,6 километри од центарот на Киев...
И после ќе кажат душа словенска била домаќинска. Еве колку ги дереа кај нас.
***
Што се однесува до картите за финалето, Реал и Ливерпул добиле по 16.626 влезници за своите навивачи што за приврзаниците на „кралскиот клуб“ е речиси 892 карти помалку од она што го добиле во Кардиф на ланското финале против Јувентус. Навивачите на Ливерпул се бесни што од 63.000 места колку што собира „Олимпискиот“ стадион во Киев, тие добиле само 16.626 а другите УЕФА ги поделила по спонзори.