Роден во Рековац, село во централна Србија, Степановиќ почнал да игра фудбал во месниот клуб. Од таму се сели во Белград каде продолжува во ОФК Белград. По 201 средба за клубот од населбата Карабурма, Степановиќ преминува во Црвена звезда (30 меча, 2 гола), а од таму во Ајнтрахт Франкфурт па Манчестер Сити (15 меча од 1979-1981).
За репрезентацијата на Југославија забележал 34 настапи со 1 гол, а по крајот на кариерата решава да влезе во тренерската струка.
За неговото патешествие може да се сними филм затоа што тренирал клубови во Шпанија, Грција, Кина, Египет, Германија, Австрија и Србија. Бил тренер на првиот тим на Ајнтрахт Франкфурт, Баер Леверкузен, Атлетик Билбао, Гвангжу, АЕК Атина, Локомотива Лајпциг, Штугартер Кикерс, Замалек, Рот Вајс Оберхаузен...
Додека го водел последниов тим, таму играл младиот Јирген Клоп за кого Степановиќ раскажува една анегдота:
„Играше слабо и јас го праќам во вториот тим на Рот Вајс. Следната зима го враќам, ме го менувам местото од крило на шпиц тој дава 14 голови и ние сме први на табела. За време на прославата влегувам во соблекувална и го гледам како пуши цигара. Му викам: ’Да знаев дека пушиш, ќе беше најстандарден играч кај мене’.
Stepi o Klopu: 'Lose je igrao i ja ga posaljem u drugi tim RotVajsa, na zimu ga vratim i promenim mu mesto sa krila na spica. On da 14 golova i budemo prvi. Tokom proslave uđem u svlacionicu i vidim da puši. Rekao sam mu DA SAM ZNAO DA PUŠIŠ BIO BI KOD MENE NAJSTANDARDNIJI IGRAČ' pic.twitter.com/QPTb9AF5wu
— TOTAL SOCCER (@NebojsaSoskanal) May 7, 2018