Таг: српски тренер

Ве поздрави Лимени од кафана

На Светислав Стевановиќ - Лимени, тренер на Раднички од село Ратково, не му попуштија ни живците, ни гласните жици. Уште вика „Миланееее, Драганеееее“, овој пат во комбинација со познатата српска песна каде се опејуваат тие две имиња. Не може да не ја знаете оваа легенда.

Каде е и што прави најлегендарниот српски тренер на сите времиња?

Секој што прати фудбал и гледа видеа на Јутјуб не постојат шанси да не ЧУЛ за Драганееееее. Се вика Светислав Стевановиќ, го викаат Лимени, има 73 години и уште ги кине живците како тренер на Раднички во село Ратково. 1% не попуштил во темпераментот на клупа, кој му е уникатен и со кој си изгради имиџ.

Што убаво воспитани тренериве

Запознајте ги двајцата српски тренери Милан Павловиќ кој го тренира Иртиш од Казахстан и Милан Косановиќ кој е на кормилото на Раднички Ниш. Се сретнаа на пријателски натпревар во Турција и од што примерно се однесуваа, видеото во еден момент остана без тон, а теренот без играчи.

Анегдотата на Драгослав Степановиќ со Јирген Клоп

Степи, како што го викаат германските медиуми, имал богата играчка и тренерска кариера. Најголем белег оставил во германскиот фудбал каде важи за еден од основоположниците на тренерската школа.

Кого навредувате вие цел натпревар?

Теоријата дека нема викенд а во балканскиот фудбал да нема циркуз доби на уште една потврда. Викендов во Ниш играа Раднички и Борац Чачак. Гостите ја однесоа победата, но нивниот тренер збесна на крајот од мечот.

Наш предлог за селектор

За неговото урлање по Драган дознавме од поодамна. Овој пат пцовките ги адресираше до извесен Милан, а своето го доби и судијата.

Репортажа за тренерот кој се дере по Драган

Сигурно сте ја гледале на јутјуб будалана кој постојано е нервозен на аут линија и се корне од викање по Драган. Тоа уствари е напаѓач во неговиот тим Раднички од с. Ратково. Б92 прави прилог за него, а тој е ист и во прилогот. Се дере по Драган, а на видеото зборува и Драган. Ај пуштајте да не ви раскажуваме сè.