- Македонските ракометни гиганти не ја започнаа европската сезона според очекувањата. Вардар и Пелистер, двата најтрофејни и најамбициозни македонски претставници на меѓународната сцена, по седум одиграни натпревари во европските купови сè уште немаат ниту една победа.
- Билансот е загрижувачки: шест порази и едно реми. Вардар има четири порази во Лигата на шампионите, додека Еурофарм Пелистер во три настапи во Европската лига забележа два пораза и едно реми. Така, по првите европски предизвици, двата македонски претставници се најдоа во ситуација во која итно им се потребни подобри резултати.
- Вардар изгуби од Мелсунген на гости 33-31, од Нант дома 32-33 и од Висла Плоцк дома во Скопје 26-32. Вардарци не освоија ниту еден бод иако против Нант дома и Висла во Полска имаа шанси во завршниците да избегнат пораз.
- Еурофарм Пелистер игра во второто по ранг натпреварување, во Европската лига на ЕХФ. После 3 кола немаат триумф: изгубија дома убедливо од шпанска Ла Риоах 24-31, одиграа нерешено 31-31 на гости кај Вибжеже Гдањск а дома претрпеа тежок пораз од германски Гумерсбах 28-38.
- Сево ова значи дека двата најгоелми и најтрофејни македонски клубови на вкупно 7 натпревари во Европа сезонава имаат дури 6 порази и само 1 реми. Без победа.
- Притоа од еврокуповите е елиминиран и РК Тиквеш па во ЕХФ Европскиот Куп ќе играат Алкалоид, РК Охрид и РК Бутел.
- Скандалот меѓу Кристијано Роналдо и селекторот на Португалија Жорже Жезус продолжува и натаму. Елма Авеиро, сестрата на Кристијано Роналдо, за кои многумина сметаат дека отворено пишува се што Роналдо мисли а не смее јавно да каже, ја коментирала напрегнатата ситуација.
- „Тажна сум зошто јавноста во Португалија брзо забори на се постигнато во минатото и смета дека нештата во моментов треба да се развиваат на друг начин. Останав без мисли, ме боли да гледам кога брат ми преживува такво нешто. Тој е меѓу оние кои најмалку заслужуваат таков однос.
- Шансите да се врати се скоро па минимални. Мислам дека и двајцата (Кристијано и Жорже Жезус) се засегнати од тоа што се случи. Тоа е епизода, преживана лично од нив и јас можам да зборам единствено од позиција на брат ми. Сметак дека ситуацијата во моментов е во слепа улица и претстои да видиме што ќе стане. Кога си предаден е многу тешко да се вратиш во нормала“, рекла Елма Авеиро.
- Конфликтот меѓу Кристијано Роналдо, најдобриот стрелец во историјата на фудбалот и селекторот на Португалија Жорже Жезус изби на крајот од септември за време на репрезентативниот собир во Лигата на нации. Напаѓачот беше незадоволен што селекторот му рекол дека нема да настапи, па потоа го викна да се загрева 30-ина минути и на крај не го пушти во игра туку го врати на клупата за резерви. Без Роналдо Португалија забележа два важни триумфи: против Норвешка (1-2) и против Данска (2:4).
- Дмитро Хориха, поранешниот ракометар на Вардар, официјално доби право да настапува за македонската ракометна репрезентација и ќе му биде на располагање на селекторот Кирил Лазаров.
- Украинскиот лев бек пред еден месец доби македонски пасош, а сега е завршена и постапката за стекнување право за настап во националниот тим.
- Хориха добро го познава македонскиот ракомет преку настапите за Вардар минатите две сезони. Неговите квалитети во нападот и искуството од настапите на клупската сцена би можеле да бидат дополнителен адут за македонската репрезентација.
- За две недели претстојат квалификации за ЕП 2028 на кои Македонија е во група со Луксембург, Грција и Шведска.