- Работнички ја забележа и втората победа во две кола од новата сезона во мак-баскетот откако славеше 86-70 против КК Тиквеш. По стартниот триумф над Струмица на гости, Работнички пред своите навивачи запиша нова победа за 2/2.
- Навивачите на домашниот тим, „Сити Парк Бојс“, испратија патриотска порака која следи само неколку дена откако навивачите на МЗТ Скопје имаа слична симболика на дуелот против грчки Ираклис во Еврокуп, за што Грците веќе упатија жалба до надлежните во натпреварувањето и бараат казна.
- На трибната на популарните „Бојси“ стоеше „Од Вардар, Пирин до Солун, име ѝ е Македонија“, а истакнато беше и сонцето од Кутлеш.
- На натпреварот Работнички - КК Тиквеш беа присутни и поранешните кошаркари на црвено-белите: Томе Димишковски, Драган Радосављевиќ, Христо – Рики Ѓорчевски и Огњан Герасимовски.
- По идеја на навивачката група „Сити парк бојс” и раководството на клубот, поканети се, тоа важи за сите домашни натпревари на КК Работнички сезонава во реновираната сала „Лазар Лечиќ, многу легендарни поранешни кошаркари и тренери на клубот кој е основан пред 80 години.
- Ламин Јамал го надмина Килијан Мбапе и стана тинејџер со најмногу голови во историјата на Лигата на шампионите, откако се запиша во листата на стрелците против Астон Вила.
- Мбапе, кој сега има 72 гола во ЛШ, претходно го држеше рекордот за најмногу голови постигнати од еден тинејџер со вкупно 13.
- Јамал до своите 14 гола стигна во само 37 настапи, а држи и низа други рекорди во Лигата на шампионите.
- Тој е најмлад играч кој настапи на само 16 години и 83 дена, потоа најмлад стрелец и асистент, најмладиот стрелец во полуфинале, како и играчот со најмногу голови пред да наполни 18 години (5) и 19 години (11).
- Како што и се најавуваше веќе неколку дена и како што самиот португалски тренер Пауло Фонсека најави, тој го напушта француски Олимпик Лион и се враќа во својата земја каде ќе го води гигантот Спортинг Лисабон.
- Лион потврди дека Фонсека решил да го напушти клубот и дека тие не очекувале такво нешто и дека се погодени од неговата одлука сред сезона да замине.
- Спортинг Лисабон за Фонсека ќе му исплати на Лион 5 милиони евра отштета поради привремениот раскин на договорот. Поранешниот тренер на Порто, Пакош Фереира, Брага, Шахтјор Доњецк, Рома, Лил, Милан и Лион, во вторникот допатувал во Португалија да потпише договор со учесникот во Лига на шампиони кој синоќа славеше 0-1 против Шахтјор Доњецк на „Стемфорд Бриџ“.