Пелистер во 33. коло од првата лига загуби убедливо од Шкупи и удри отворено и силно и по оние кои 27 години ја кројат политиката во Македонија, гранка која го мати фудбалот.
Битолчани имаат 31 бод и се наоѓаат на последната позиција на табелата, а за опстанок се борат со Победа и Скопје кои имаат по 32.
Пелистер, клуб со долгогодишна традиција кој заедно со Вардар го сочинуваа највозбудливото дерби во 90-те, веќе со години тапка во место и ниту една управа не успеа да го врати на старите пакети.
Мината сезона се подигна, го освои Купот на Македонија, заврши на четвртата позиција и се избори за квалификации во Лига Европа каде беше елиминиран од Лех Познањ, но сезонава повторно бележи голем пад и по се изгледа е заглавен во кал.
Битолчани се бесни и на својот Фејсбук профил укажуваат дека клубот може да заврши во стечај. До крај играат уште дома со Шкупи и на гости со Вардар и Шкендија.
И со Тумбе кафе до каде е работава?