Таг: фк пелистер

Србин го опишува дербито Пелистер - Вардар

На почетокот на овој месец, Пелистер дочека за прв пат во историја да игра на Тумбе кафе под рефлектори. Што е добро, ама не е добро што еден таков фудбалски град, за ова задоволство чекаше дури до 2024-та. Убавата вест стигна и до Србија.

ФК Пелистер: Сите од вмро, сдсм и тие "газди" на клубот аир да не видите

Случувањата во мак фудбалот и натаму тераат во свој стил, на дното. Еден од најголемите фудбалски градови продолжува да пати од таканаречените “спасители“ кои како тргнале ќе го однесат во стечај.

Како настанало ривалството меѓу Чкембари и Комити

Во пресрет на дербито меѓу Пелистер и Вардар кое заврши со победа на гостите од 0:1, битолчани дадоа објаснување за тоа кога, како и зошто почнале да се мразат со скопјани.

Оригинален протест на фудбалерите на Пелистер

Добија нови газди кои дадоа нови ветувања, се вратија на европска сцена каде се сретнаа со силниот Лех Познањ, се правеше силна кампања за изградба на нов стадион во Битола, но тие не можат основни работи да им обезбедат. Плата. Пелистер - Скопје конечни 0:0. Колку пари, толку голови.

Од каде нео-нацистичко знаме поради кое Вардар е казнет

УЕФА ги влече за уши и казнува клубовите за: употреба на пиротехника, седење на простор за поминување (скали), блокирање на влезови, употреба на неонацистички симболи. Ова последново му го залепија на Вардар чија историја и делување се оградува од таа идеологија.

Пелистер против полскиот гигант Лех Познан

Освојувачот на Купот на Македонија, битолски Пелистер после долги години ќе игра во Европа, а за противник го доби можеби најтешкиот ривал од сите можни. Работнички и Шкендија поминаа добро.

Кога Пелистер ја пречека Селта Виго под Тумбе Кафе

Откако заврши четврт во 2000-та година, Пелистер стигна дури до третото квалификациско коло во Интертото Купот каде им се падна Селта Виго, годинешниот полуфиналист во Лига Европа.

Кандидат за гол на годината во режија на Вардар

Во вторникот беше тешко да се реши човек кој од трите бомби на Јувентус, Монако и Копенхаген е најубав за око. Но од спортската среда ќе го издвоиме оној од нашата лига од мечот Вардар - Пелистер 1:1. Фелипе и Којашевиќ најверојатно ова го вежбале на тренинг.

Прва лига со Чкембари и Мајмуни

Ако некој фали во прволигашкото фудбалско друштво тоа се Пелистер и Победа, екипи од два фудбалски града со традиција кои не ги личи да играат во пониските рангови. Битолчани се враќаат во елитата по пауза од една година, а Прилепчани по седум. Нивниот кам бек во елитата освен ривалството против Вардар, на сцена го враќа и пелагониското дерби.