Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Светско злато за Штипјанецот Џорлев: Македонија има нов шампион во карате!

18 October 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Македонија доби светски шампион во карате. Штипјанецот Марко Џорлев го освои златниот медал на Светското првенство за кадети, јуниори и натпреварувачи до 21 година во Бјелско-Бјала, Полска.
  • Членот на македонската репрезентација во финалето го совлада Адам Ваги од Унгарија со резултат 4:1.
  • Неговите тренери Сашко и Жарко Арсовски од Карате клубот „Штип“ ја објавија победата на социјалните мрежи.
  • „Македонија има светски шампион, Штип има светски шампион, Карате клуб „Штип“ има светски шампион. Радувај се, Македонијо. Фала му на Господ за сѐ“, напишаа тие.
  • Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, исто така му го честиташе успехот на младиот каратист, оценувајќи дека златниот медал е гордост за градот, државата и клубот.
извор

Разочарувачка есен на најдобрите македонски клубови во Европа – седум натпревари, нула победи

15 October 2026
  • Share
  • Post
  • Македонските ракометни гиганти не ја започнаа европската сезона според очекувањата. Вардар и Пелистер, двата најтрофејни и најамбициозни македонски претставници на меѓународната сцена, по седум одиграни натпревари во европските купови сè уште немаат ниту една победа.
  • Билансот е загрижувачки: шест порази и едно реми. Вардар има четири порази во Лигата на шампионите, додека Еурофарм Пелистер во три настапи во Европската лига забележа два пораза и едно реми. Така, по првите европски предизвици, двата македонски претставници се најдоа во ситуација во која итно им се потребни подобри резултати.
  • Вардар изгуби од Мелсунген на гости 33-31, од Нант дома 32-33 и од Висла Плоцк дома во Скопје 26-32. Вардарци не освоија ниту еден бод иако против Нант дома и Висла во Полска имаа шанси во завршниците да избегнат пораз.
  • Еурофарм Пелистер игра во второто по ранг натпреварување, во Европската лига на ЕХФ. После 3 кола немаат триумф: изгубија дома убедливо од шпанска Ла Риоах 24-31, одиграа нерешено 31-31 на гости кај Вибжеже Гдањск а дома претрпеа тежок пораз од германски Гумерсбах 28-38.
  • Сево ова значи дека двата најгоелми и најтрофејни македонски клубови на вкупно 7 натпревари во Европа сезонава имаат дури 6 порази и само 1 реми. Без победа.
  • Притоа од еврокуповите е елиминиран и РК Тиквеш па во ЕХФ Европскиот Куп ќе играат Алкалоид, РК Охрид и РК Бутел.
извор

Сестрата на Роналдо: „Мали се шансите да се врати во репрезентација“

15 October 2026
  • Share
  • Post
  • Скандалот меѓу Кристијано Роналдо и селекторот на Португалија Жорже Жезус продолжува и натаму. Елма Авеиро, сестрата на Кристијано Роналдо, за кои многумина сметаат дека отворено пишува се што Роналдо мисли а не смее јавно да каже, ја коментирала напрегнатата ситуација.
  • „Тажна сум зошто јавноста во Португалија брзо забори на се постигнато во минатото и смета дека нештата во моментов треба да се развиваат на друг начин. Останав без мисли, ме боли да гледам кога брат ми преживува такво нешто. Тој е меѓу оние кои најмалку заслужуваат таков однос.
  • Шансите да се врати се скоро па минимални. Мислам дека и двајцата (Кристијано и Жорже Жезус) се засегнати од тоа што се случи. Тоа е епизода, преживана лично од нив и јас можам да зборам единствено од позиција на брат ми. Сметак дека ситуацијата во моментов е во слепа улица и претстои да видиме што ќе стане. Кога си предаден е многу тешко да се вратиш во нормала“, рекла Елма Авеиро.
  • Конфликтот меѓу Кристијано Роналдо, најдобриот стрелец во историјата на фудбалот и селекторот на Португалија Жорже Жезус изби на крајот од септември за време на репрезентативниот собир во Лигата на нации. Напаѓачот беше незадоволен што селекторот му рекол дека нема да настапи, па потоа го викна да се загрева 30-ина минути и на крај не го пушти во игра туку го врати на клупата за резерви. Без Роналдо Португалија забележа два важни триумфи: против Норвешка (1-2) и против Данска (2:4).
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Ние би му ставиле петка

Балканштина
2

Како да се пофалиш дека имаш два Мерцедеса

Балканштина
3

Златен медал за македонска ракија во Лондон

4

Репортажа од Македонија: Ова никако не го очекував

Разно
5

Дојде време да се укине престапната секунда

Занимливости
6

Како ќе изгледа возењето во новата Тесла

Возила
7

Дигиталниот идентитет во ЕУ ќе стане задолжителен пред банките

Свет
8

Омерагиќ: Сега ја плаќаме сметката на минатото неработење кога се плаќаше за место во младите репрезентации

Фудбал
1

Омерагиќ: Сега ја плаќаме сметката на минатото неработење кога се плаќаше за место во младите репрезентации

Фудбал
2

Несторовски е хит во Хрватска, дава голови ко на лента

Фудбал
3

Зошто Џордан никогаш немал желба да стане тренер?

Кошарка
4

Нова атрактивна асистенција на Јокиќ

Кошарка
5

Моја е

Фудбал
6

Руни за заминување на Роналдо од репрезентација

Фудбал
7

Малер на колото

Кец у два
8

Гери Линекер одбил да соработува со ФИФА откако побарале да се сретне со Путин

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Како да се пофалиш дека имаш два Мерцедеса

Балканштина

Ние би му ставиле петка

Балканштина

Изгубени во подесувањата

Разно

Репортажа од Македонија: Ова никако не го очекував

Македонштина

Во чест на легендарниот администратор на АМЦ

Балканштина

Нашите „Богати и славни“ стигнаа до Белград

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Упатства за паралелно паркирање

„Македонска хунта“ некогаш звучеше поинаку

Жртви без насловни страници

Македонија се качува во автобус без тркала

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy