На 10 средби има 9 гола и е меѓу најдобрите стрелци досега сезонава. А 4 гола во само една година ги дал на скоро идентичен начин. Ефектни од далечина.
„Не еден, не два или три, туку четири пати! И тоа во само нешто повеќе од година дена. Мајсторот е мајстор а класата е вечна! Господин Илија! Сезонава заби 9 гола на 10 средби од кои 7 во првенството. Постигнува гол на секои 78 минути во просек а вкупно за Славен Белупо даде 24 гола на 3 натпревари“, пишува во објавата на Славен Белупо.
Прилепчанецот има одличен учинок во дресот на Славен Белупо, за кој досега постигна вкупно 24 гола на 63 натпревари.