Дел од големото ривалство во фудбалот е и тоа како да му се ситиш на другиот кога ќе го загуби најважниот меч во сезоната. На навивач на Лацио му текна нешто. Извади стар дрес од шампионската генерација 1999/2000 и последната буква од презимето на чилеанскиот напаѓач ја смени за да го добие презимето на Еѓипќанецот кој ја уништи Рома во полуфиналето од ЛШ.