Куќата на Барби ја имаше на Ербиенби

Најсреќните можеа и бесплатно да преспијат. Самата Барби ги покани фановите да поминат една вечер во нејзиниот дом и да го прослават 60-от роденден пред неколку години, но сега домаќин беше Кен. Како дел од маркетингот пред отварањето на филмот, објавија дека „додека е Барби на пат, Кен ја става неговата соба на Ербиенби“, а бидејќи Кен е само Кен, не може ни да разбере како да стави цена, па ете - бесплатно е!“ Наградата важеше за 21 и 22 јули (првиот викенд на прикажување) и нормално, сигурно не ги познаваме луѓето што ја добиле, ама можеме барем да ѕирнеме како е внатре.

Грета Гервиг сруши рекорд за режисерки

Во Северна Америка, „Барби“ првиот викенд заработи 162 милиони долари. Ова е рекорд за филм режиран од жена и сега го држи Грета Гервиг

„Барби“ е одличен, но не и брилијантното ремек-дело што се очекуваше

Сè си има - внимателно истражен и остварен универзум, хумор, порака, пластично, ин-јор-фејс, еве-уште-еднаш-за-тие-што-не-сфатија прикажување на борбата со патријархатот. Дали е тоа затоа што филмот е и за деца, па да сфатат, или затоа што тоа е едноставно стилот на Грета Гервиг?

Да повториме, „алфа мажи“ се мит

Или, барем, не се тоа што токму тие што себеси се сметаат за „алфа мажи“ мислат дека се. Напорен, бучен, силеџија што „многу го бркаат жени“ не е алфа, туку само напорен, бучен, силеџија (што баш и не го бркаат жени).

Сте слушнале ли за експериментот со лузната на лице?

Научник собира десет доброволци за специјално психолошко истражување со наслов „Експериментот со лузната“. Ги одвојува сите десет доброволци во десет коцки простор, без огледало и им објаснува дека целта на истражувањето е како луѓето реагираат на непознат со физички деформитет како лузна на лице.

Ако рекламите за парфеми беа искрени

Миризлива вода. Прв пат смислена пред илјадници години за да се надомести за фактот што хигиената сè уште не била измислена. Понекогаш се лупа цена на еден производ, чисто онака, колку да се продаваат подобро поевтините што стварно имаат намера добро да им се продаваат. Резултатот? Луѓето плаќаат и за скапото.

Ако имаш интровертен партнер, пушти го да дише

Овде има три нешта што експертите велат дека никако не треба да им се кажуваат на интровертни луѓе, особено не да им ги кажуваат нивните партнери.

Шест основни чекори за нега после 30

Откако ќе наполниш 30, веќе почнува да се гледа некоја разлика. И да, по некоја ситна линија во замена за збеснатоста од дваесеттите е во ред, ама фино е да се старее добро.

Никој не го гледа филмот на твојот живот - и тоа ослободува

Премногу време поминуваме грижејќи се што мислат другите за нас - време е да престанеме. Извадок од The Modern Maverick: Why writing your own rules is better for you, your work and the world, од Ед Хадон. Поднасловот се преведува како „Зошто сам да си ги пишуваш правилата е подобро за тебе, за работата и за светот“.

Седум фотографии од Џејн Биркин

Беше постер-девојка на ‘60-те и ‘70-те, лик што ти создава носталгија за време и место кое не си го ни живеел - можеби само си го гледал во странски списанија и си замислувал како би било да се излезе во топла париска вечер, во клуб полн луѓе што ја означиле деценијата, во плетен фустан и ташна направена специјално за тебе.

Зошто способните не сакаат да водат

Многу често се случува способни луѓе да не прифатат можности за лидерство и едно истражување покажува дека ги спречуваат три од најчестите ризици кои доаѓаат со тоа -  по односи со луѓето, по имиџ и одговорноста за неуспехот.

Мајка ти пред (и за време на) лет

Не мора ни лет да биде - може да е одмор, екскурзија, дури и носење на прв ден во школо. Битно, една е мајка - пред пат.

Како Марго Роби собираше пари на снимањето на „Барби“

Ги терала сите од екипата да носат розево барем еднаш во неделата и ако не слушале - ги казнувала парично и потоа ги донирала во добротворни цели. Ја издаде Рајан Гослинг.

Учиме за Џејн Биркин

Пејачката, актерка и модна икона Џејн Биркин почина вчера, на 76-годишна возраст. Беше позната по љубовната и уметничка врска со композиторот Серж Генсбур, по ташната Биркин, хитот Je T'aime...moi non plus и општо поради маркантноста на модна икона каква што ретко се повторува.

Како Долче и Габана ги подели жените во ‘90-те

Во споредба со други модни куќи, Долче и Габана беа релативно понови - основани во ‘85, благодарение на нивната страст за внесување италијанска култура во секој нивни дизајн, веднаш наоѓаат посветени фанови и јаки се до ден-денес.

Не се мачете толку да го чекате вистинскиот

Затоа што многу е можно вистинскиот да не биде едно движечко совршенство, туку рандом тип во маица. Во случајот на Лесли Лиао, ќе се вика Грег, ќе има апликација на маицата и чекањето 36 години нема да вреди.

Се фативте ли на орото со Тредс?

Инстаграм Тредс е најбрзо-растечка апликација на сите времиња. За само неколку дена стигнаа до 100 милиони корисници и додека Твитер „пропаѓа“, „убиецот на Твитер“ како што галовно го нарекоа Тредс, парче прави.

Не ви фали времето кога поп-ѕвездите беа средовечни?

Сега каде и да се свртиш имаш Хари Стајлс, Тејлор Свифт и други слични на нив, и сè се такви. Дали се умешни музичари - не навлегуваме (многу често се), ама дозволете да ве потсети дечково на едно убаво време кога поп-ѕвезда беше - Фил Колинс.

Книгата на Бритни Спирс излегува во октомври

Бритни Спирс објави дека нејзината следна книга со наслов „Жената во мене“ ќе излезе на 24 октомври.

Ни хип-хопот веќе не трпи хомофобија

Се научија да обрнуваат внимание, или ако ништо друго, се научија да се извинат.

Кои се десетте најтешки поп-песни за изведување?

За да се изведат овие песни, да се фатат тие ноти и да се постигне таков перформанс треба да си талент и професионалец. И да, нормално дека ја има Bohemian Rhapsody, и нормално дека под туш се пробува Hello од Адел. Ама сте пробале да ја испеете Wuthering Heights? Немојте да ве избркаат од дома.

Вакво „Што има во ташна“ не сме гледале

Досега биле воздржани, средени жени што сакале да остават добар впечаток. На Миријам Марголис не ѝ е дојдено до впечаток.

Модни фотографии од гламурот на ‘90-те

Тиери Ле Гуе е моден фотограф и еден од главните двигатели на гламурот на ‘90-те што денес толку ни фалат. Сега има книга која ја опфаќа неговата архива на надреални фотографии од супермоделите од таа ера.

Се преселил во Париз и почнал како практикант во Пин-Ап - најпопуларното студиo во градот. Судбината си ја видел во тој простор каде што уметноста и трговијата слободно се мешале и се преплетувале.

„Видов големи фотографи како Питер Линдберг, Паоло Роверси, Стивен Мејзел и Алберт Вотсон како работат со манекенки, сликаат и патуваат,“ вели тој. „Таков живот сакав. Само што се доселив, а тие заработуваа по 10.000 долари на ден фотографирајќи прекрасни девојки. Неверојатно!“

И стварно, неверојатно. Деведесетти.