Што може да се научи од Џејсон Сигел?

Џејсон Сигел одлучил дека му е паметно да го напушти Лос Анџелес по завршувањето на „Како ја запознав мајка ви“.

Минатата недела, 44-годишниот актер ѝ се отвори на водителката Хода Котб за изборот да се пресели од Лос Анџелес.

На нејзиниот коментар, дека направил нешто интересно, односно, кога сите други би се нурнале во Холивуд, тој се оддалечил, Сигел вели:

„Имав луди дваесетти. Ја имав Како ја запознав мајка ви и пишував многу сценарија за филмови што беа успешни и добро поминуваа. Но, не внимавав многу на себе затоа што бев толку зафатен.“

Тука ја носи одлуката да ја промени средината, во надеж дека ќе најде мир и исполнетост, што само придонесува кон сфаќањето дека ни Лос Анџелес, а ни Холивуд не се лесни за живеење како што тоа изгледа на филм.

„Затоа го напуштив Лос Анџелес,“ продолжува Сигел. „Се преселив во мало гратче и почнав да си поставувам прашања од типот Што всушност ти се допаѓа? За што размислуваш во моментов? Каков сакаш да бидеш како изведувач и како уметник?

Сигел живее во Охаи, Калифорнија и таму има најдено мир, во камена куќа опкружена со портокалови дрвја. Тука сфатил дека ако работиш и живееш во ЛА, дека не си ни одиш од работа. И дека кога некој ќе те праша Што правиш? мисли баш сега што правиш, па одговорот не би бил Имам три проекти во развој туку, Еве, до продавница.

Немаме сите „три проекти во развој“, ама можеме да направиме пауза, во тишина, понекогаш.

22 октомври 2024 - 13:04