Уапсен е поранешен директор на Аберкромби, погодете зошто

Се соочува со обвиненија за трговија со луѓе и проституција. Жртвите поднеле граѓанска тужба пред една година, тврдејќи дека биле сексуално експлоатирани од страна на Мајк Џефрис, кој беше ЦЕО на Аберкромби & Фич 22 години.

Џефрис е најпознат по строгите политики на фирмата (само згодни да има и ништо друго), а сега го уапсија во Бруклин во рамки на ФБИ истрага за трговија со луѓе. Неговиот партнер, Мет Смит и уште еден човек, Џим Џејкобсон се исто така уапсени.

Обвинети се дека сексуално експлоатирале и злоупотребувале млади мажи на забави што ги организирале на разни локации во САД, како на пример во куќата на Џефрис во Хемптонс, а ги ангажирале преку Џејкобсон.

Еден од тужителите, Бред Едвардс за Ејбиси Њуз вели:

„Како што наведовме во тужбата, ова беше организација за секс-трговија што ја водеше Аберкромби преку компанијата и на трите лица уапсени денес им овозможуваше да направат жртви од десетици и десетици млади модели во подем.“

Обвинувањата откриваат вознемирувачки шаблони кои адвокатите ги опишуваат како разработена шема за експлоатација на ниво на фирма, која се одвивала за време на водството на Џефрис од 1994-2014.

24 октомври 2024 - 10:47