За некои од клиповите, најзакоравените фанови (ако останаа такви) ќе го бранат дека е извадено од контекст и е шега - на пример, таму каде што диџејот е онесвестен од богзнае што. Сè до видеото од хотелскиот ходник што излезе скоро, каде што се гледа дека се работи за сè, само не за нормален човек.
Ако сте пропуштиле, Шон „Диди“ Комбс е обвинет за сексуална злоупотреба на 120 лица. Стотици славни личности бога молат да не им излезе името во судењата што претстојат, додека Холивуд се руши како кула од карти, а ерата на селебрити-култура е пред крај.