- Меѓу тие 120 има 25 малолетници.
- Познат адвокат од Тексас во моментов работи со 120 души со различни тужби за сексуална злоупотреба против Диди, кои веќе се пречешлани и проверени.
- „Кога сме кај возраста на жртвите кога се случило делото, шокантно е,“ изјави адвокатот на прес конференција. „Најмладата жртва за време на злоупотребата имала девет години. Има човек што тогаш имал четиринаесет. Има жртва што имала петнаесет.“
- Деталите се страшни - од шетање по забави, дрогирање па злоупотреба, до ветување музичка кариера „ако одат со него на само“.
- Комбс категорично одрекува.
- Mushroom blonde е нијансата на „плава“ што веројатно треба да ја очекуваме да зачести. Комбинира беж, пепел и ладни кафеави тонови и така создава природен изглед со суптилни преливи.
- Не бара често фарбање, бидејќи постепените премини меѓу потемниот корен и посветлите должини го прават израснувањето помалку забележливо.
- Лесно се приспособува на различни тенови и бои на коса, особено на природно темнорусаа и светлокафеава коса, со можност за посветли или постудени варијанти.
- „Космополитен“ ја претставува листата Z-Stars за 2026 година, со 25 истакнати претставници на генерацијата З кои придонесуваат во различни области, од музика, филм и комедија до спорт, политика, наука, здравство и технологија. Заедничка карактеристика на избраните личности е желбата да создадат нешто оригинално и значајно.
- „Со својата креативност, политичка активност и автентични реакции на општествените промени, младите наоѓаат нови начини да се изразат и да влијаат врз светот, и покрај предизвиците што ги носат вештачката интелигенција и дигиталното опкружување.“
- Може не е за фалење, ама ние не знаеме ниеден.