Дали можеме баш така да изјавиме - дека на славните (ама оние холивудски славните) им се одбројани деновите? Затоа што сè повеќе изгледа така - од Харви Вајнстин и #MeToo, до сега, со Шон „Диди“ Комбс, како да загазуваат сè подлабоко во калови од кои изгледа нема назад. Ај што сега во ера на информации има кој да ги издаде какви глупости прават и да им ги наруши внимателно обликуваните јавни персони, туку и времето се менува. За да останат релевантни, сè почесто навлегуваат во инфлуенсерско однесување, со обраќање до фановите и прифаќање реклама на производи.
Сето ова како да ги симнува од висините каде што удобно си седеа во 1990-те и раните 2000-ти. Но, да видиме: