И Дензел Вашингтон бил на журка кај Диди

Адвокатот Тони Базби, кој во моментов работи со минимум 120 души околу криминалите на раперот, рече дека јавноста ќе се шокира од имињата што ги има на список.

За Дензел Вашингтон, приказната изгледа како да е херој: Најновото е дека на некоја журка во 2003, му се дерел на Диди за нешто, а потоа со жена му луто ја напуштиле локацијата.

Наводно се развикал, му рекол „Ти никого не почитуваш“ и веднаш си отишол.

Ова на прв поглед ќе личеше како „перење“ на Вашингон од дружењето со Диди, но сепак не - години потоа, продолжија како ништо да не било. Се сликаа заедно на јавни настани како кошаркарски натпревари и на инаугурацијата на Обама во 2009.

Сто и дваесет луѓе пријавија „силување, сексуален напад и сексуална експлоатација“ од страна на Диди, а најмладиот од нив, во времето на злоделото имал девет години.

„Ќе дојде денот кога ќе кажеме и други имиња освен Шон Комбс, а има многу имиња,“ изјави Базби. „Долг е списокот, но поради природата на случајот, има да се осигураме многу цврсто дека сме во право, пред да објавиме.“

4 октомври 2024 - 11:33