Што има направено Деми Мур за да изгледа така?

Еднаш има и кажано дека „нема никакви пластични операции“, ама тоа ако се лажеме. Реалноста е дека најверојатно ја имаат фатено врвни хирурзи што со малку имаат направено многу.

Експертите признаваат дека има одлична структура на коските на лицето, но сепак тврдат дека најмалку што направила е лифтинг на лице и на врат - вратот како прва издаица дека имаш години. Се претпоставува дека влогот во изгледот ја чинел над 250.000 долари.

Прво, веројатно има подигање на усни, односно, намалување на просторот меѓу носот и горната усна што е еден од знаците на стареење. Ова ги пегла и брчките што се појавуваат таму кога старее лицето.

Ако не е лифтинг на лице и врат, тогаш е ласерска интервенција на површинскиот слој на кожата - третман со кој се уништува првиот слој и се остава простор за раст на нови, млади клетки.

Понатаму, може да има и ботокс околу очите, или друг филер за да се измазнат брчките, а и лифтинг на очни капаци - процедура со која се отстранува вишок кожа и масно ткиво.

Деми Мур сега го промовира „Супстанца“ - филм за една ѕвезда на популарно шоу за аеробик со децении успех зад себе, но ја отпуштаат од работа на нејзини 50 и доживува шок.

Во тој стрес, ја контактира лабораторија што ќе ѝ понуди супстанца со која би се трансформирала во најдобра верзија од себе.

„Тоа е таков уникатен начин да се истражи прашањето за стареењето,“ вели таа за сценариото. „На замките на општеството, на притисокот на слика за жена идеализирана од мажи, што ние како жени ја имаме прифатено.“

Трејлер:

Патем, првиот коментар под трејлерот на Јутјуб:

„Трејлерот не ни покажува доволно. Немате поима. Ова еден од најненормалните филмови што сум ги гледала во сите мои 32 години живот. Буквално излегов од кино и седев на клупа во лобито 15 минути без зборови.“

Букбокс веќе гледаше

25 октомври 2024 - 12:57