Роби немаше малку проекти пред „Волкот од Вол Стрит“, но сепак се смета дека оваа црна комедија на Скорсезе ја направи ѕвезда. Во филмот ја игра Наоми Лапаглиа, втората жена на Џордан Белфорт, ликот на Леонардо Дикаприо. Улогата се погодила совршена.
Хемијата им е одлична и ова било вака и зад камерите. Дикаприо сфатил со кого има работа после една сцена што и нему и на Скорсезе им оставила впечаток. Во филмот, Роби фрла чаша вода кон него, најверојатно како импровизација, но и како доказ колку е спремна да вложи.
„На ‚Волкот од Вол Стрит‘, кога ја видов Марго како ја чита сцената, знаев дека сум сведок на динамично присуство во светот на филмот што допрва доаѓа,“ вели Дикаприо. „Со Скорсезе бевме воодушевени кога видовме колку може да донесе во таа сцена, да се бори и знаевме дека ќе има неверојатна кариера.“
Оттаму, за неа зборуваат само во суперлативи. Роса Перез од Birds of Prey, има кажано дека е импресивно колку е посветена и способна. Вил Смит почувствувал дека мора да се среди физички за да го личи во нејзино присуство, а сепак - Александар Скарсгард го споделува она што сите нејзини соработници го кажуваат.
„Со Марго се поврзавме од првиот ден, навистина се најдовме,“ вели тој. „Она што ја прави убава не е само дека е неверојатно прекрасна жена, туку не е суетна. Толку е приземна и забавна, што станува уште попривлечна со тоа.“