Значи, не е нормално владата да се меша во репродуктивно здравје, рековме?

Прашање за тие што се против абортус: Ќе поддржите ли закон што предвидува задолжителни васектомии на 18 години?

Не?

Како тогаш може да има закони што предвидуваат мешање во одлуката за контрацепција и абортус?

Еве, може дечкиве подоле ќе кажат. Ова видео (со лажниот предлог-закон) доаѓа по појавата на веб-серија со наслов Мale Life Force, од каде што тврдат дека се „ултра лајф“, односно дека „мастурбацијата е убиство“ и дека „животот почнува од моментот кога сперматозоидот ќе го напушти телото“, во поразителни примери на луѓе што имале кец биологија.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Diet Prada ™ (@diet_prada)

24 октомври 2024 - 10:32