Првата жена на месечината ќе носи Прада

„Астронаутот носи Прада“.

Прв пат во историјата, ќе се носи вселенски скафандер дизајниран од Аксиом Спејс и Прада, за првата жена (во боја) што ќе стапне на месечината.

Го претставија пред два дена на Меѓународниот астронаутски конгрес во Милано, а спремен е за мисијата Артемида III, што е прво слетување на месечината со луѓе од 1972.

За дизајн на костимот, НАСА се обратиле кај Аксиом, кои пак потоа се споиле со Прада. Работеле на материјалот и дизајнот на надворешниот слој на костимот и покрај функционалноста, сакале „визуелно да инспирираат идно истражување на вселената“. Иако го нема логото на Прада, ја има препознатливата црвена лента на брендот низ дизајнот.

Лоренцо Бертели, главниот за маркетинг на групацијата Прада за Вог вели:

„Партнерството со Аксиом е патување без преседан. Особено сум горд на нашите тимови кои работеа да создадат решенија по мерка за повеќе комфор и флексибилност на астронаутите.“

Открива и дека неговата луксузна куќа предложила возбудливи иновации за Аксиом, меѓу кои и „нови процеси на ткаење со високоиздржливи конци и производство речиси без шевови кои во иднина можат да се разгледаат.“

НАСА потврдува дека „за доброто на целото човештво, НАСА и партнерите ќе ја однесат првата жена и првата личност во боја на површината на месечината со Артемида.“

Се најавува дека ова може да се случи и до септември, 2026.

18 октомври 2024 - 10:08