После успехот на „Џокер“ во 2019, што рушеше и рекорди и на Хоакин Феникс му донесе Оскар, очекувањата за вториот дел беа огромни.
За кратко време, се рашири дека не го бива, поточно - дека е катастрофа.
„Гадната“ тројка за еден филм се критиките од најбитните извори во денешно време. На Ротен Томејтос има резултат од 33% од критика и 31% од публика, за разлика од првиот што имаше 68% и 69%. Од Синемаскор, кој се смета за еден од најголемите мерачи на индустријата, добија Д-рејтинг, што е најниска оценка за филм снимен според стрип, додека првиот имаше Б+ (веројатно во наш превод е 2-ка и 4+). И последната шајка доаѓа од отворањето на бокс-офисот, каде што заработи 40 милиони, кои не се баш добри во споредба 96-те милиони на првиот дел, за првиот викенд. За да се исплати, односно, Ворнер Брос да дојде на нула, треба да заработи 450 милиони долари.
Го гледавте?
Барем имаше и такви што употребија зборови како „храбро“ за да го опишат, ама мораа да се борат со тие со „очајното“.