Првиот дел (исто режиран од Филипс) пред 5 години беше глобален успех, дури доби и 11 номинации за Оскар и победи во две категории. Дел од успехот се должеше на тоа што добро се вклопи во митологијата на Готам и го разви и збогати ликот на Џокер.
Во вториот дел, Joker: Folie à Deux, направија два избори: да биде мјузикл, што беше легитимна инспирација; и да го вратат ликот во неговите човечки димензии - во измачениот Артур Флек. Второво беше и изненадување и разочарување за многумина за кои Џокер е најзанимлив во универзумот на DC.
Повеќето реакции се очајни и оценката на иМДБ го рефлектира ова.
Гардијан одлучи дека само Лејди Гага вреди во „просечното мјузикл-продолжение“, Дедлајн ги закачи со „Сега кој се смее?“, а Верџ пишува дека „едвај се снаоѓаат“.
За тие што уште не сме го гледале, можеби има надеж - Синемабленд го нарекува „провокативно продолжение што го менува мислењето и за првиот филм.“