Баш е забавно да се биде жена

Науката стигнала до контрацепција за мажи, ама нешто „нема многу интерес да се пушти“. Причината? Има контраиндикации. Кои се тие контраиндикации? Промени во расположението.

Наспроти тоа, контраиндикации за контрацепција за жени се промени во расположението, згрутчување на крвта, хормонски проблеми и - тумор на мозок. И тоа ова се само неколку од многуте. 

И научниците и владите веќе имаат брилјирано во изјавите околу овие проблеми. Конкретно за апчињата за мажи никако да се договорат затоа што мажите се жалеле на мали промени, па не било убаво да ги тераш да прават нешто што не им одговара (!), а околу васектомијата, која е поинвазивна, но сепак реверзибилна и решава многу проблеми со несакана бременост - не било убаво да им се мешаш во телото (!!!).

„Мажите едноставно нема да толерираат нешто што им се меша во либидото или е поврзано со дебелеење,” вели Џон Ејмори, професор по медицина на University of Washington School of Medicine.

Лиса Кампо-Енгелстајн, професорка по биоетика на медицинскиот колеџ во Албени потврдува дека е ова класичен сексизам. „Никој не ни трепка кога на жените им се намалува нагонот после апче,” вели таа. „Но, кога се случува кај мажи? Не, луѓето ќе ти речат, ‘нема шанси, тоа е дел од она што значи да се биде маж.’” (види: До кај сме со контрацепција за мажи?)

Или, како што пишувавме во „Погрешни тела контролираме“:

Ако жена има однос со 100 мажи во годината, може да произведе само една целосна бременост. Ако маж има однос со 100 жени во годината, може да произведе 100 целосни бремености. Зошто тогаш, регулираме само жени?

Ќе видиме ли некогаш машко апче за контрацепција?

И одговор на прашањето: Што се случува кога мажите користат хормонска контрацепција?

18 октомври 2024 - 10:15