Погрешни тела контролираме

Ако жена има однос со 100 мажи во годината, може да произведе само една целосна бременост. Ако маж има однос со 100 жени во годината, може да произведе 100 целосни бремености. Зошто тогаш, регулираме само жени?

Кога имав 24 години, имав абортус. Вљубена бев во мојот најдобар другар, а тој беше вљубен во дрога. Го убедив дека можам да се снајдам со врска без обврски затоа што знаев дека тој не сака ништо повеќе од тоа. Јас сакав повеќе, ама и многу ме биваше за вљубување во погрешни луѓе во тој период. Забременив (да, при живо апче за контрацепција). Тој не сакаше бебе, но благодарение на строгото католичко воспитување, не сакаше ни да абортирам.

Каков католик наркоман, браво. Текстот е од феноменалниот блог Scary Mommy, и е неверојатно потребен во денешно време кога луѓето мислат дека имаат право да одлучуваат ствари што немаат врска со нив.

„Јас не бев во позиција да се грижам за дете, а длабоко во себе и знаев дека е многу лоша идеја да бидам заглавена со овој маж до крајот на животот. Излезе дека не морам ни да му објаснувам - престана да ми крева телефон. Заштедив 200 долари за абортус и сестра ми ме однесе на една клиника. Со него не се слушнав со години. Никогаш не разговаравме за тоа.

Тој не мораше да бара соодветна клиника и да се консултира. Не мораше да седи сам кога болничарката дојде да каже дека тестот е навистина позитивен. Не мораше да се враќа во клинката со сестра му и да пие апче а смирување пред процедурата. Не мораше да лежи на бокс и да гледа нагоре во постер од Моне додека му ставаат уште седативи во рака, па тој постер со една дама со голем шешир што држи чадор да му се вреже во мозокот за век и векови. Не мораше да го спознае чувството на солзи што ти се тркалаат по лице додека сестра му го држи за рака.

Не мораше ништо од ова да доживее.

Не мораше ни да седи во шок соба, опкружен со уште неколку жени. Една на 13-годишна возраст што постојано повраќаше. Една на околу 17. Никој ништо не зборуваше. Не мораше во тишина да се вози назад во Сан Франциско со мене.

Можеше само да сврши во мене и да ме кара што размислувам за абортус. И потоа да исчезне.

Тешко е да се биде жена. Светот е тежок. Сè што мораме да правиме е проклето тешко.

Жените забременуваат и им се кажува дека требале да земат подобри апчиња за контрацепција. Или дека требале да бидат сигурни дека мажот носел кондом. Или дека „не морале да шират нозе” воопшто. Целата одговорност на изборот што доаѓа со сексуалното искуство се става на наш грб - додека не забремениме. Тогаш, магично - немаме право на збор.

Бирајте, сега. Скроз е наша одговорност и треба сами да се справиме, ние, или одеднаш немаме право да направиме избор за она што ни се случува во телото? Кога разговараме за бременост што е резултат на хетеросексуален однос, жената не може да забремени ако мажот не ејакулира во нејзе. Тој мора да биде ентузијастот за се да се заврши вака. А сепак, жените секогаш го носат тој контрацептивен товар - најчесто заради апчето.

Сè уште немаме контрацептивни апчиња за мажи, главно затоа што на клиничките испитувања, мажите не можат да се справат со контраиндикациите со кои ние се бавиме секој ден. Жените се принудени да се справат со тие ефекти, на пример, со згрутчување на крв, висок холестерол, зголемена килажа, променливо расположение - но кога истражувачите се соочија со можноста машко апче да го ослабне либидото - се откажаа. „Проблемот беше што секогаш кога имаше обид за некаков лек, контраиндикациите беа премногу тешки,” вели д-р Томер Сингер, директор на одделот за ендокринологија и неплодност во болницата Ленокс Хил, во Њујорк. „Главно намалувањето на либидото, поголеми шанси за еректилна дисфункција - тоа оди рака под рака со истите хормони, како тестостерон на пример, одговорни за создавање сперма.” Мажите ги штитиме по секоја цена, постојано кажувајќи им на жените дека се сосема одговорни за она што се случува пред да забременат, но не смеат да кажат што мислат за она што ќе се случува после тоа.

„Ако жена има однос со 100 мажи во годината, може да произведе само една целосна бременост. Ако маж има секс со 100 жени во годината, може да произведе 100 целосни бремености. Зошто поточно тогаш, регулираме само жени?”

Ова е твит што во моментов е вирален. Има над половина милион лајкови и 200.000 ретвити. Изгледа длабоко во себе знаеме дека мажите се главно виновни за забременувањето, но тоа останува неискажано.

Откако Џорџија изгласа забрана за абортус откако ќе се појави срцебиење кај плодот, се појави дискусија за „Тестикуларен закон”. Меѓу другото, тој би забранил васектомии и би барал ДНК тестирање кога жената ќе биде бремена шест недели и еден ден, за да се одреди таткото, кој веднаш би плаќал издршка.

Јасно е дека се работи само за докажување на поента, но луѓето брзо се побунија дека „не смееш така да му ги ограничуваш репродуктивните избори на еден маж.”

„Превенцијата на бременост е малку поинаква тема од превенција на раѓање, не ви се чини?” вели еден човек (да, машко), на темава. А жена му одговори, „Јас би да истакнам дека превенција на бременост спречува и раѓање.”

Толку сме навикнати женските тела да се регулираат и да се дискутираат што не ни трепкаме кога тоа се случува. Во моментов цели три американски држави мислат дека е попаметно да се вратиме во времето кога жени умираа затоа што немаа пристап до безбеден и легален абортус. Ама, донеси закон што ќе го регулира изборот што го прават мажите за своите тела и веднаш го препознаваме како сатира - или нешто што никогаш нема да помине. Зошто?

Мажите се еднакво одговорни за бременоста како и ние, и ако нашите тела се регулираат, тогаш треба и нивните. А ако не ви се допаѓа абортусот - игнорирајте го, како што ги игнорирате илјадниците деца што седат по домови секој ден.

Гледате како е лесно?

29 мај 2019 - 21:05