Колку луѓето посреќно живеат, толку поедноставно се облекуваат

Ив Сан Лоран има еднаш кажано дека најважно кај женската облека е жената која ја носи.

Коко Шанел рекла дека и самата мода излегува од мода - поточно, дека модата поминува, но стилот останува бидејќи е како ракопис.

И тоа ракопис на личност што само со крајот на окото ги следи модните трендови бидејќи среќата не лежи во тоа.

Земјите во кои секоја втора студентка изгледа како симната од модна писта се наоѓаат во четвртата десетка на светскиот рејтинг на среќа. Колку луѓето посреќно живеат, толку поедноставно се облекуваат - на овој неочекуван заклучок наведува годишниот извештај на ОН за нивоата на среќа во светот.

Кај луѓето се мери нивото на објективната блaгосостојба, заедно со нивната субјективна оценка за тоа колку им е животот добар. Потоа, се споредуваат показателите и се составува рејтингот на земјите по нивото на среќа на нивните граѓани.

Она што ги обединува најсреќните земји (а главно се Норвешка, Данска, Швајцарија, Холандија…), освен животниот стандард и високите социјални стандарди и скоро па комунизам во најдобрата смисла на зборот, ако прашате моден уредник, ќе ви каже дека заеднички им е и ставот кон облеката. Затоа земјите што диктираат стилови се подолу на списокот. Франција е на 32 место, Шпанија на 37, а Италија на 50-то. Значи, од 157 земји, речиси третина живеат подобро од Италијаните кои важат за лидери на светската модна сцена.

Во среќните земји никој не се замара колкав подвив треба да имаат пантлаоните според Вог. Носат удобни нешта - фармерки, маици, патики, дуксери.

И наши (Балканци) често коментираат дека жените по (финото) странство се недотерани.

Се разбира, не се работи овде за посебни примери на луѓе и луѓе кои се возбудуваат и се радуваат на модни парчиња и се изразуваат преку облека. Зборуваме за широките народни маси. Веројатно важи дека кога човек се чувствува среќно, сигурно и спокојно и нема потреба секојдневно некому да докажува нешто и со цела сила да демонстрира некаков замислен статус - добро му е и може да ужива во животот и во фармерки и маица.

16 октомври 2024 - 11:43