Трагичната судбина на Селин Дион ја оплакуваа милиони гледачи, додека ја пееше L’Hymne à l’amour на Едит Пјаф, качена на Ајфеловата кула. Скоро пред тоа, пејачката објави дека боледува од неизлечива болест поради која ѝ се укочуваат мускулите, дури и покажа како тоа изгледа, а нејзиниот настап францускиот претседател го нарече „емоционален врв“ на целиот настан.
Сепак, угледниот француски весник Либерасион објави дека настапот „без никаков сомнеж“ е однапред снимен и се повикуваат на бројни експерти од музичката индустрија. Претставници на организаторот на Олимписките игри едноставно одбиваат да одговорат, иако претходно инсистираа дека било во живо.
Композиторот и изведувач Етиен Гуеро за Либерасион вели дека „тоа што го чувме на телевизија е однапред снимено“, а анонимен тонец се согласува со весникот затоа што „тоа може да се чуе уште од првите ноти.“
Музичар кој се нарекува Wings of Pegasus на Јутјуб коментираше дека пробата и настапот звучеле потполно идентично што е невозможно, затоа што варијации меѓу двете изведби мораат да постојат.
Настапот на Олимписките игри е претставен како триумфално враќање на Дион, која тогаш изјави дека има да се врати на сцена, макар морала да ползи.
За случајов, сепак, сè уште нема изјава.