Чудната причина зад бакнувањето

Најверојатно луѓето се бакнуваат за да проверат дали партнерот е способен за добро потомство.

Сте размислувале ли некогаш од каде поривот за бакнување? Според филематолози од Смитсонијан (да, постојат научници кои го изучуваат бакнувањето), кога луѓето се бакнуваат, разменуваат девет милилитри вода, 0,7 милилитри протеин, 0,71 милиграми масти… И некаде меѓу 10 милиони до 1 милијарда бактерии.

Пауза, за да ви легне информацијата.

Зошто целава оваа размена?

Науката сè уште се мачи со ова прашање, но најверојатното објаснување до кое што дошле е дека се работи за стратегија за тестирање на генетскиот код на потенцијалниот партнер. Значи, ако партнерот не ти е „вкусен“, нема многу да ти биде гајле што јадел, туку за детектирање на комплекс од гени за хистокомпатибилност. Луѓето како вид се способни за вкусување и намирисување на овие гени што покажуваат баш доволно биодиверзитет за да се оптимизираат шансите за здраво бебе.

Од слични причини се и мажите опседнати со - цицки.

Најраширената теорија е дека градите се добар индикатор за плодност и репродуктивно здравје. Посочуваат на фактот дека таа што ги има е веќе зрела за носење плод, дека нутритивно е во предност, па дури алудираат и на елементи од репродуктивниот циклус. Друга теорија е дека фетишот за гради е само уште еден случај на опседнатост со делови од тело - луѓето го поврзуваат доењето со задоволство уште од многу мала возраст и „поплавата“ од фини емоции е поврзана со овој дел од телото.

Едноставно, обични животни сме.

Исто и:

21 октомври 2024 - 11:34