Од кога се духовите „полупроѕирни луѓе“?

До пред некој век, духовите се опишувале како најчовек што може - да, со моќ да исчезне кога сака, да прави штета и да поминува низ ѕидови, но сепак - нималку проѕирни, како и сите други живи во просторијата. Така, сè до појавата на фантазмагорија.

Во еден момент, кога луѓето зборуваат за духови, почнуваат да ги опишуваат како полупроѕирни силуети, онака како што сите денес ги препознаваме на филм, а историјата што нè довела до овде е многу интересна.

Кон крајот на 18. век, се појавува „фантазмагорија“ - еден вид хорор-театар кој (меѓу другите техники) со помош на фенери проектирал застрашувачки слики како скелети, демони и духови на ѕид, чад или полупроѕирни платна. Се користеле преносливи направи за проектирање и на тој начин брзо можеле да се менуваат сликите. На многу такви претстави имало и морничава декорација, комплетен мрак и (авто)сугестивна вербална презентација, како и звучни ефекти. Уште од тогаш им текнувало да вметнат и различни сензорни стимулации како мириси и електрични шокови.

Некои од организаторите препорачувале постење, доаѓање уморен, па дури и одредени дроги за да бидат посетителите сигурни дека ќе им биде забавно, односно дека ќе бидат поуверени во тоа што го гледаат. Почнало како божем сеанси со духови во Германија, за низ 19-от век да се рашири низ цела Европа.

Токму од тие полупроѕирни екрани на кои што не можело да се проектира и да се добие целосна силуета, почнува и приказната за блескавите, бели привиденија што денес се секојдневие во хорори.

17 октомври 2024 - 09:51