Во историјата на науката постои една тивка, но повторлива појава: Жените често придонесуваат во големи откритија, но нивните имиња ретко се појавуваат на првите страници. Некогаш и ич не се појавуваат.
Може ќе смислат и песничка, како кој се плаши од волкот лош, до толку е табу менопаузата, особено кај жени во јавната сфера. Кога би се зборувало почесто на темата, можеби и не би звучело толку страшно.
На ТикТок врие од народ што споделува со светот „неверојатно откритие“, само за некој во коментари да посочи дека се работи за - земјоделство. За обично дружење. За слушање музика. И главно се млади луѓе, без допир со светот околу нив, ама трагедијата е што има и малце постари.
Во 1957 година, кога Џери Ли Луис се оженил со својата 13-годишна братучетка Мајра Гејл Браун, не било само таблоиден скандал - било културен земјотрес.
Досега е веќе јасно - на фотографии од ‘50-те, тинејџери просто изгледаат постаро од тинејџери денес, за постари ич да не почнуваме. Што се случувало тогаш, и дали навистина луѓето порано изгледале постаро, или само така ни изгледа од денешна перспектива?
Во последниве неколку години, АДХД (дефицит на внимание со хиперактивност) се чини дека стана еден од најчестите термини во секојдневниот разговор. Некои мислат дека им е дијагноза, на други им е меме, на трети објаснување за сè - од заборавање каде си ги оставил клучевите, до тоа што не можеш да завршиш ни една задача без да ја прекинеш со друга.
Сите новинарки што се надевале дека ќе стигнат до разговор со актерката, можат да се откажат после нејзиниот Сабстак со наслов „Мислам дека завршив со интервјуа од жени.“
Култниот филм од ‘90-те, каде што Алиша Силверстоун до граници на хорор го малтретираше „симпатијата“ што беше драматично постар од неа не е комплетна фикција. Што го прави уште пострашен.
Во јануари 1976, 18-годишната Мелани Грифит се мажи за 26-годишниот Дон Џонсон во Лас Вегас и со тоа влегува во еден од најнабљудуваните и најконтроверзни бракови во Холивуд.
Инспирирани од оваа објава, за тоа како Ајфеловата кула би изгледала ако ја дизајнирале познати уметници, го прашавме ЧатГПТ како би изгледала да ја смислеше Кензо Танге. Додадовме и дека треба да се вклопи во брутализмот во Скопје.
Педесетгодишен, дебеличок Мароканец во Белгија излажал локална жена дека е мускулест Италијанец и судот штотуку го ослободи од обвиненија за силување. Сега ќе видите зошто.
Некаде помеѓу „невидлива“ старост и претерано затегнатите лица од 90-тите, фејслифтот добива „нов лик“. Денес не е симбол на очајна потрага по младост, туку на избор, самодоверба и суптилна грижа за себе. Или, бар, така сакаат да мислиме.
Некогаш, зрелоста значеше брак, кредит за стан и деца. Денес, за сè поголем број миленијалци, зрелоста значи авионска карта во еден правец, лаптоп на плажа и мир во глава.
Пред Лолита да стане литературна сензација и вечен предмет на контроверзи, постоела Сали Хорнер. Единаесетгодишно девојче од Њу Џерси, чие име речиси никогаш не се спомнува, иако нејзиниот живот и страдање биле инспирација за еден од најпознатите романи на 20. век.
Кога почна СиГ во 1998 година, беше прв концепт од ваков тип: Серија што ги прикажуваше жените во Њујорк на триесет и кусур години, како што навистина живеат (или барем како што би сакале да живеат). Во фокус ги ставаше нивните врски, пријателства и кариера. Дваесет и пет години подоцна, серијата повторно се наоѓа во центарот на вниманието - овојпат благодарение на Генерација З.