Што има интересно во книгата на Мишел Обама

Многу, многу работи. Мемоарот „Becoming”, е полн со досега необјавени приказни и анегдоти од нејзиниот живот, и како дете, и како девојка и како жена (на претседател на САД). Раскажува доста ствари за себе, и баш е таква каква што ја замислуваме.

На Американците им е гајле за Оскари

Знаеме дека никој не сака да ги води Оскарите. Ама сега дознаваме и дека на публиката не ѝ се ни гледаат.

Еден тип објаснува зошто мажите се плашат од жени

И наведува 8 причини. Во старт некако малце иритира, демек, „не дека е лошо тоа, АМА...”, ама барем е искрен. И не е дека треска глупости, ова се стварно легитимни причини за наведување, кога успешната, згодна другарка ќе ти рече „не ми е јасно кај грешам.” Малку поразително, ама тоа е.

Ријана ќе се договара со ЛВМХ и ќе влезе во историја

Мое Хенеси Луи Витон ЛВМХ, компанијата која ги држи Диор, Живанши и Фенди, веројатно се согласува со мислењето дека Ријана е Коко Шанел на 21-виот век. Од тие причини и веројатно се спремни да ја поддржат за сопствен бренд, што би ја направило првата дизајнерка од небела раса во најголемиот луксузен конгломерат во светот.

Кога си цар за објавување веридба на социјални мрежи

Наводно, морало да се прави фотосесија за веридба. Нешто вљубени, за рака, со поглед во далечина. Па, добро.

„Кукла како мене”, за деца со несекојдневна убавина

Фино е кога имаш нешто персонализирано, на пример, привезок со твоето име, или некаков си хороскопски знак. И после сфаќаш колку е банално кога ќе ти текне дека дете со специфични физички карактеристики има кукла иста како него, после долго време шетање меѓу кукли што личат на другите деца.

А татковците да поработат нешто по дома?

Ако уште не сте фатиле „Средување со Мари Кондо” на Нетфликс, тогаш сигурно сте виделе барем една статија каде што некој медиум паѓа во несвест колку тоа мора да се гледа. И барем една реакција од гледач што вика „кога веќе фрлате, фрлете го и тој сопругот што негодува дека жена му не средува доволно.”

Долор, на Ана Акана

Тажните приказни ги избегнуваме, ама некогаш се толку значајни и толку убаво претставени, што вреди човек да им обрне внимание.

Што ќе се мафташ со манекенки, кога можеш со филмски ѕвезди

Сигурно тоа си рекол Никола Жеские кога размислувал како да ја претстави новата предесенска колекција.

Дали мажот е најдобар што може да биде?

Новата, трогателна реклама на Жилет за опасностите од „токсичната машкост” и затоа колку е важно да поставиш добар пример за малите машки деца го растури интернетот.

Асиметрични фармерки сме немале до сега

Не побаравме, ама ги добивме.

Вриењето тампони е новото јадење детергент

Како ли само стигнавме до 2019-та.

Ама зошто?

Има така, некои луѓе што кога ќе решат да прават нешто што само нив ги засега, мислат дека тоа и светот треба да го дознае и дека тоа носи некаква порака. Така и овој куп жени, решиле да пуштаат влакна и мислат дека на некого му е гајле.

Би славеле ли раскинување?

Мора да признаете дека цел живот меѓусебна омраза звучи далеку полошо од журка за раскинување. Или славење годишнина од раскинувањето. Со гости, со торта, со балони, со сè. Или пак, со вечера за двајца(та) во фин ресторан.

И Наоми има Јутјуб канал

И помалку следачи од многу балкански јутјубери.

Ако ве фаќа бес без причина

...не е тоа без причина. Си знае организмот зошто така реагира. Ние не препознаваме. Среќа, има интернет.

Лиса Елдриџ симнува Мерилин Монро

На Јутјуб има Мерилин туторијали колку сакаш, ама ретко кој е вака елаборативен како на Лиса Елдриџ.

Десет музи на Енди Ворхол

Фасцинантни, хаотични и проблематични.

Tајната на социјалните мрежи е во воздржувањето

Кога не се воздржуваш, резултатот е акаунтот на Трамп, или акаунтот на Канје Вест.

Веганска модна недела

Несуровиот третман е новиот луксуз.

Не, не треба да навиваме за Џо Голдберг

А бе, гледавте You? Колку души ви се насукаа во пораки или во фаца, или на Твитер дека „морате да ја гледате”?

Да поднаучиме нешто за Лејди Гага

Нема да ве прашаме дали го гледавте A Star Is Born, затоа што сите тоа ќе ве прашаат, туку ќе прашаме: Дали го гледавте Gaga: Five Foot Two на Нетфликс? Многу, многу добро. И многу Гага.

Хелмут Њутн за Вог

На годишнината од неговото раѓање, Вог се потсетува на заедничките провокации со Њутн.