По којзнае кој пат, што мислите за влакна по женско тело?

Еден бренд кој, иронично, е за отстранување влакна сака нешто да му каже на светот.

Светот никако не може да се одлучи дали ќе слави или ќе плука видливи влакна на женско тело. Една реклама на Најки со Анастасија Енук беше „одвратна” за некои заради влакната под мишка, насловната на Ролинг Стоун се тепаа дали ќе ја обожаваат или ќе ја мразат затоа што пејачката Халси не била тазе избричена, и така на западу ништа ново меѓу мидерите на Ким Кардашијан, бркањето лајкови низ Припјат и влакната во боја.

Сега женскиот бренд за жилети, Били, сака да го предизвика тој „влакна е гадно” наратив и да ги нормализира. Без разлика што работата им е таква, од Били веруваат дека бричењето е ствар на избор, а не нешто што општеството смее да го наметнува. Минатата година, на пример, Били станаа прв бренд што покажува влакна на реклама, во рамки на нивниот Project Body Hair. Сега се враќаат со нешто бетер.

Насловот е Red, White and You Do You (Црвено, бело и ти како сакаш), а рекламата има жени од секаква форма, боја и „ситуација на влакна”. Ја предизвикуваат идејата дека телесните влакна на плажа се неприфатливи и дека мораат да се отстранат за да бидеш „спремна за плажа”.

Темата е 4-ти јули, кога Америка слави независност и слобода, а пораката е - да се слави слободата на жените да го покажат телото, па и влакната како сакаат.

Не?

Океј, тогаш, држ:

21 метод за отстранување влакна, повелете и друг пат.

28 јуни 2019 - 11:47