До Припјат по лајкови

А што, не ви текна дека во свет каков што е нашиов денес ќе навалат безмозочни инфлуенсери на Чернобил?

„Утринско џогирање, Чернобил”

Серијата беше успешна на повеќе полиња: реалниот приказ на фаталната бирократија, лекцијата што ја доби светот за нуклеарна енергија и опасностите што може да ги предизвика, како и доближувањето на рускиот пропаганден систем на тие што немале прилика да го видат.

„Нови наочари во Припјат”

Локацијата е отворена за јавноста уште од 2011-та, со тури за посетители, ама никогаш претходно немало ваква навала од луѓе што идат да се сликаат како да се во Дизниленд. Посетеноста е зголемена за 35% од лани.

Сепак, не можеш така лесно да обвиниш човек што фотографира на туристичка дестинација, макар и да е така трагична како Чернобил. НО! Што правиме кога под изговор на „Инстаграм-естетика” ќе почнат да се сликаат во провокативни пози (кои се инаку супер, кој како милува, ама) ВО ЧЕРНОБИЛ?

„Нови фармерки, дечкииии.”

Мора да им се честита на таа оперираност од осет, па и грижа за себе - да соблечеш заштитна опрема, да се разголиш и да му речеш на тој што дошол со тебе со цел памет - ај сликај.

Дури и креаторот на серијата, Крег Мазин негодуваше: „Ако го посетите, ве молам да се сетите дека ужасна трагедија се случи таму. Однесувајте се со почит кон сите што настрадале и се жртвувале.

Еве, почитуваат:

„Овде седеле деца, некои од нив умреле бикоз радијација. Ќе си седнам, супер слика ќе искочи.”

„Ух, страшно (СЛИКАЈ СЛИКАЈ КАКО ПРААМ ФАЦА), ах.”

„Сега ќе го допрам ова, ништо нема да ми биде.”

„Ај вака сите со газовите и заводливо да гледаме во камерата, сите кажете ЧЕРНОБИИИИИЛ!”

„Сликај ме, како права припјатска домаќинка. Мора некоја ваква да имало.”

„Малце ми е. Сликај пак.”

„Прошедба.”

„Еве вежбам, најјак.”

„Необавезна шетња со тенденциозно избран језив објект во позадина.”

„Ехееееј, знаци!”

„Скроз е паметно и впечатливо да се сликам со истакнат газ, замислена и загледана во далечината, поточно во вожња од забавен парк, каде што некад уживале луѓе, што покасно изгинале во судни маки.”

„Најцар сум.”

„Ја да бев таму, вака ќе трчав и вака ќе се облечев.”

„Ништо не собира лајкови како болнички кревети на кои што серијата покажа што се случувало.”

Малце е непријатно колку панорамава потсеќа на нашата, нели? Како кај нас да е сликано.

извор

13 јуни 2019 - 13:23