Пред да добиеме технологија што ни дозволува да знаеме точно што ставаме во и на себе, луѓето користеле секакви смртоносни супстанци од најглупи причини. Океј, шминка за разубавување и за прикривање недостатоци е далеку од глупост, но во времето кога владее Елизабета I баш и нема Мек, или веганска, или круелти-фри шминка. Ни за луѓе не е круелти-фри.
Проблемот е што, во тоа време, мачканицата што се користи наместо пудра (и поради која Елизабета е креч-бела на сите портрети) содржи олово. Оловото на долги патеки прави ултра-сериозни проблеми со кожата, ја старее, ја посивува, ја уништува, те труе, те јаде од внатре и те разболува.
Тоа како да не и е доста, па карминот (заради кои устата и е изразено црвена на портрети) содржи жива, која што исто така карактеристично навлегува во организмот и гори што допре.
И ќе си речете, ваљда тоа некогаш се вадело од лице за лицето да одмори? Се разбира. Не толку често како што денес се преправаат дека вадат, ама се вадело. Со што?
Со отстранувач на шминка на база на... Жива!
Фасцинантно.