35 правила за фино однесување што понекогаш ги забораваме

Ама упорно забораваме, а толку се едноставни и истовремено толку важни, што откако ќе се навикнете на нив, фрапантно ќе ви биде како луѓето ги забораваат. На пример, 16 и 17. Просто е неверојатно колку многу луѓе мислат дека е ствар на избор. НЕ Е. 

1. Кажи „благодарам” и „те молам”. Особено на најблиските.

2. Насмевни се. На касиерката. На банкарот. На колегата. Дури и ако не ти возвратат.

3. Задржи ја вратата за тој зад тебе. И ако некој ти ја задржи тебе, види прв дел од бр. 1

4. Излегувај надвор за да се јавиш.

5. Простувај им на луѓето. Нервозен продавач? Гаден шофер. Немаш поима што му се случува на тој човек во моментот. Може му умрело кучето. Може добил лоши вести. Не мораш да реагираш на лошото однесување со сопственото лошо однесување, затоа што почнуваш маѓепсан круг.

6. Гледај го човекот што ти зборува.

7. Пушти некого преку ред.

8. Кашлај и кивај со раката преку уста.

9. Тргни го телефонот за време на оброци.

10.Немој да касниш. Сите сме зафатени.

11. Чисти зад твојот миленик. 

12. Прашај пред да објавиш. Не сакаат сите социјални мрежи, ниту сакаат нивни работи ти да објавуваш по социјални мрежи.

13. Биди тивок на работа. Телефонот на сајлент, нотификациите за мејл на најтивко, и тивко зборување.

14. Ракувај се цврсто, со гледање во очи.

15. Смрдлива храна не е за на работа.

16. КОРИСТИ ТРЕПКАЧИ.

17. МИЈ РАЦЕ ПОСЛЕ ТОАЛЕТ.

18. Чисти зад себе. Секаде.

19. Почекај еден ден пред да одговориш на безобразна порака или мејл.

20. Прашај пред да си донесеш некого на гости со тебе. Другар, партнер, дете, милениче…

21. Не јади пред да им донесат на сите.

22. Биди пријатен гостин на вечера. Ако имаш алергии кажи со време. Ако не јадеш одредено нешто, не изводи, па да мораат луѓето да ти прават на тебе посебно.

23. Седи дома ако си болен.

24. Тропни пред да влезеш.

25. Џвакај со затворена уста.

26. Дозволи луѓето да излезат од лифт пред ти да влезеш.

27. Научи си ги децата на манири.

28. ИСКЛУЧИ ГО ТЕЛЕФОНОТ ВО КИНО И ТЕАТАР.

29. Помогни кога ќе видиш дека некој се мачи со нешто.

30. Враќај ја количката за пазарење на место.

31. Не се средувај во јавност. Не се чешлај, не сечи нокти, не чисти заби, грдо е.

32. Без контроверзни прашања во друштво. „За кого ќе гласаш?” и „Кога ќе раѓаш?” чувај си ги за пред огледало.

33. Научи да кажеш „извини”.

34. Кога ќе влезеш некаде, поздрави се со сите.

35. Не се појавувај со празни раце.

уште 15 - тука.

20 јуни 2019 - 21:23