Основано е во 1956-та, а името го добива по првата главна уредничка, Сибил Герстнер. Сега го слават со патувачка изложба која во моментов е во Вили Бранд Хаус во Берлин до 25-ти август, 2019-та. Фокусот е на 13 влијателни фотографи кои го имаат оформено, меѓу нив Сибил Бергеман, Арно Фишер и Уте Малер.
Додека работел за Сибил во ’60-ти, Арно Фишер ги вадел моделите надвор од студио и ги сликал по улиците на Берлин. Сибил Бергеман, која подоцна станала со-оосновач на фотографската агенција Осткројз, својот печат на списанието го остава во ’80-ти, со нејзината меланхолична естетика, како на пример - жена во црн долг фустан пред ѕид испишан со креда.
Уте Малер се сеќава: „Се работеше за стил, вкус и охрабрување на индивидуалност,” и додава дека најдобрите фотографи во земјата работеле на списанието низ годините.
Мода „Направи сама”
Наместо позирање меѓу лавови и слонови во далечни земји, манекенките ја презентирале источногерманската мода на метро-станици, во пабови или на работа - и дома и во источноевропски земји. Парчињата не се продавале: Сибил обезебдувал шнитови по кои жените можеле да шијат блузи, сукњи и фустани.
На 40 страни имало мода, патувања, портрети на уметници и други културни настани, со посебен фокус на млади, од 1956-та до 1995-та, а излегувало на два месеци. Во најдбрите денови печателе 200.000 копии, значително придонесувајќи кон имиџот на жените во Источна Германија во тоа време, и истовремено рефлектирајќи ги социјалните услови во земјата.
Иде цензура
До средината на ’60-тите, владејачката социјалистичка партија ја обвинила непријателската идеологија за слабата економија и со тоа донела крај на толерантното однесување кон списанието кое се сметало за звучник на побунтовната младина во земјата. Жените сега ги прикажувале во работнички стилови и светли бои дизајнирани да симболизираат здрава економија во земја што за себе вели дека е држава на работници и селани.
Во раните ’80-ти, економската и политичката стагнација довеле до социјални промени - списанието почнало со амбициозна уметничка фотографија и понеконвенционален фокус, давајќи им на читателите бегство од секојдневниот живот.
Последното издание во 1989-та, во време на огромни промени во Источна Германија кои резултираат со падот на Берлинскиот ѕид, носи пресврт. Серијата со наслов Handschriften (ракопис), покажува мода од источногермански дизајнери кои веќе ги претставиле своите колекции на другата страна од ѕидот во Западен Берлин - со позиционирање на манекенките симболично пред распаднатиот ѕид.
Фирма од Западна Германија го купила Сибил и поради тоа успеале да го задржат уште некое време. Успехот што го имале во Источна Германија не можеле да го повторат секако, а на крај згаснува од финансиски причини на почетокот на 1995-та.