Кај Лени дома

Лени Кравиц има фарма во Бразил и да, се разбира дека изгледа како најмирното, најопуштеното место на светот.

Сте помислиле некогаш каде и како живее Лени Кравиц? Затоа што Architectural Digest биле кај него и многу сме им благодарни што најдоа начин како списанието да си го воведат традиционалното списание директно во 21-ви век. Овој пат, не е само неделна доза ентериер, туку и екстериер. Многу, многу екстериер.

Куќата е изградена на плантажа за кафе од 18-ти век, самата фарма е функционална и сите гости се хранат од тоа што таму се одгледува. Има бразилска скара, фудбалско игралиште, и просто е чудо што Лени реши да излезе од таму за да дојде кај нас и што воопшто решава да излегува од дома.

Или од спална. Спремете се за спалната.

Плус, Лени вика дека мора да имате када во спална, и се разбира дека одеднаш тоа ни се чини како една од најбољите идеи што сме ги слушнале.

И има фотелја што порано била на Енди Ворхол.

И коњ.

Ај сите да живееме како Лени?

20 јуни 2019 - 20:54