На баскет сум, ќе те барам

Шанел баскет. Црн со логото. Одеднаш некако... Спорт и не е толку досадна ствар.

Шанел не е единствен бренд што повремено се меша каде што не очекуваш да се меша. Луи Витон направи прибор за моливи лани, Долче и Габана работеа на онаа прекрасна колекција апарати за во кујна, а Ермес нè почасти со oва.

Да се има топкава не значи дека ќе се стане спортски тип, ама ваква црна, со тоа синџирот многу фино ќе се вклопи по дома (децата да не ја фаќаат).

Може да си ја набавите за скромни 1990 евра.

18 јуни 2019 - 10:24