Кој сака кујнски апарати од Долче и Габана?

Сите. Кој може да си дозволи кујнски апарати Долче и Габана? Шознам, видете, прерачунајте се.

Колекцијата е од 2018-та, што не значи дека може да се очекува „летен попуст” или некој сличен концепт, својствен за продавници каде што пазарат обични смртници.

Значи имаме апаратчиња со цветен принт, инспириран од јужна Италија како резултат на соработката на Долче и Габана со италијанскиот бренд Смег - џусери, тостери, апарати за кафе, чајници, блендери, миксери и се друго што може да ви притреба за кујната да ви заличи на слика од списание. Принтовите се со цвеќиња, листови, круши и цреши - омаж на потеклото на Доменико Долче и Стефано Габана.

А не им е прв пат да ја опремуваат најбитната просторија во секоја куќа.

Пред ова, пуштија 100 рачно фарбани фрижидери за Саемот на мебел во Милано. Се продаваа за 50.000 долари, ама помаливе апарати се попристапни. Нели, за кого како.

Него, како може да се толку прекрасни?

Ги има на Вилијамс Сонома и цените се од 750 до 1900 долари (најскап се разбира миксерот што е најубав). Црвениот тостер е 750. Што попрво?

5 јуни 2019 - 11:11