Совети за средношколки од '40-ти

Влегуваш во видеото спремен за мизогинија, излегуваш полн безвременски совети, кој би рекол?

„Доброто здравје и паметната грижа за телото се основа на убавината.”

Со глас и говор карактеристичен за црно-бел филм, една уредна тетка (што може и 35 години да има, не се знае заради стајлингот), стои пред публика од средношколки (кои исто така личат 35-годишни), и им објаснува основи на убавина.

И затоа што - '40-ти, чекаш да почне да се изразува на начин од кои на феминистите денес би им се исправила косата под мишка, но не! Советите се толку применливи и денес - не дека не ги знаеме, колку што повремено ни треба потсетување. Е сега, скраја да е да ни треба потсетување дека секојдневно туширање е основа за убавина и привлечност, ама дека наместо да легнеме и да пишуваме писма или да слушаме свинг (читај: да скроламе на телефон и да слушаме Тејлор Свифт), фино би било да легнеме и да спиеме, од причина - beauty sleep.

И други некои такви фини работи.

19 јуни 2019 - 17:37